Мигрената е најчеста примарна главоболка, а се дефинира како главоболка која трае од 4 до 72 часа. Се манифестира со пулсирачки карактер со умерен до силен интензитет, вообичаено е еднострана и се влошува со напрегање. Кај мигрената постојат и придружни симптоми: мачнина, пречувствителност на бучава, светлина или мириси.
Битна карактеристика на мигрената е да се јавува во напади кои може да бидат многу жестоки. Нападот на мигренозна главоболка се јавува како каскада на случувања, кој може да потрае не само со часови, туку и со денови.
Жените почесто страдаат од мигрена, за разлика од мажите, а кај некои може да се појави уште во детството, додека кај повеќето се јавува пред 40. година.
Причината за мигрена е непозната, но за појава на напади на мигрена важни се промените во крвниот проток во артериите на мозокот кои се покренуват со т.н. тригер напади, како што се стрес, опуштање по стрес, стимулација на мирис, слушна стимулација, некои видови храна (сирења, чоколадо, црвено вино, агруми), промени во менструалниот циклус.
Кај зачестената мигрена што се јавува четири или повеќе пати месечни, и ако нападот трае подолго од 48 часа со нагласена онеспособеност, на тие лица, вообичаено им се пропорачува превентивно лекување со различни нефармаколошки методи. Магнезиумот се смета за прв сојузник против мигрена, со оглед дека е докажано оти кога во организмот има недостаток, почнува да се јавува ваков тип на главоболка.
Формулата од магнезиум цитрат и витамин Ц на Dr. Viton Magnezan C, во течна форма, брзо, безбедно и навремено на телото ќе му ја обезбеди дневната потреба за овој минерал, потпомогната со клучниот витамин Ц.
Со оглед дека исхраната и ритамот на сон може да го ублажат ефектот на стрес како главен ризик фактор за појава на мигрена, комбинацијата од магнезиум и витамин Ц се смета за најмоќна при превенција на речиси сите ризик фактори за појава на мигренозна главоболка, но истовремено делува и откако болката ќе се појави, делувајќи на нервните клетките и стресот.
Dr. Viton – Magnezan C можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-c/
Dr. Viton – Magnezan C може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)