5 начини како да се заштите од вирусот доколку одите на работа

Доколку работните обрски не ви дозволуваат да работите од дома навиките на работното место треба комплетно да ги промените.

Личното здравје и здравјето на вашите колеги е на прво место, а со овие 5 препораки може да се заштитите и вие и колегите околу вас.

1. Проветрувајте ја просторијата

Пред да започнете да работите проветрете ја просторијата убаво, а особено доколку сте повеќе колеги во една просторија. Честото проветрување го препорачува и Светската здравствена организација како превентивна мерка од моменталната пандемија.

2. Одалечете се од колегите од 1 до 2 метри

Уживање е кога седите до вашиот омилен колега така и работата е задоволство, но сега здравјето е најважно и треба да внимавате и да бидете оддалечени при работата.
Направете нов распоред на работниот простор.

Ако сите седите додека работите направете нов распоред доколку има можност сите да бидете оддалечени еден од друг минимум еден метар со работното биро, но доколки нема простор свртете си грб со колегата за да не си дишите директно еден во друг.

Обидете се при секоја работна активност да сте оддалечени еден од друг колку е тоа можно.

3. Носете маска и ракавици

Додека сте на работното место носењето на медицинска маска и ракавици е многу важно и неопходно.

Па и доколку сте само двајца во канцеларија носењето на маска и ракавици е задолжително.

Првиот пат кога ќе ги носите малку ќе ви пречат, но верувајте штитат и секако се станува навика. Важно е да ги менувате и да не ја носите истата маска од минатиот работен ден.

4. Дезинфицирајте го работниот простор

И покрај тоа што хигиената треба да е на највисоко ниво во секој работен простор мора и вие самите да допринете за хигиената во работниот простор.

Со алкохол или средства за дезинфекција пребришете го работното биро или работен простор.

Доколку користите компјутер при работа направете дезинфекција на тастатурата и “глувчето”, но задолжително само со алкохол и тоа внимателно за да не ги оштетите.

Сите уреди или канцелариски материјали кои ги користите треба убаво да се дезинфицирани со алкохол.

5. Користете различен прибор и јадете сами

Утринското кафе со колегите е посебно убаво, но и тоа треба да го оставите за понатаму.

Уживајте во утринското кафе сами и користете лична шолја за кафе во која само вие ќе пиете кафе, а најдобро е и самите да си ја измиете со топла вода.

Исто така и оброкот конзумирајте го подалеку од другите бидејќи кога ќе јадете ќе морате да ја симнете маската.

На моменти се ова ви изгледа исцршпувачки, но верувајте се е навика и се треба да практикувате кога е здравјето во прашање.