Како да му помогнеш на твојот имун систем, почнувајќи од твојата кујна?

За да имаш добро здравје, неопходно е твојот имун систем да функционира најдобро што може.

Но е секогаш тоа е така, сресот, неправилната исхрана, прекумерното работење, недоволното спиење и најодозгора на се загаденоста на животната средина во која живееме сето тоа го оптеретува телото, и го намалува природниот имунитет.

Но со мала помош, и тоа почнувајќи од сопствената кујна, односно исхрана ти би можел да си помогнеш на самиот себе и да си го засилиш имунитетот.

Еве што препрачуват стручњаците во поглед на секојдневната исхрана:

  1. Осигурај доволен внес на протеини – со редовно конзумирање на месо или мешунки, јатки, семки, или тофу од соја доколку повеќе ти се допаѓа вегетаријанскиот начин на исхрана.
  2. Исфрли ги од твојата исхрана сите шеќери и зашеќерени храни и напитоци
  3. Престани да јадеш брза junk храна, и потсети се дека и во природата постои брза храна, на пример бананата треба само да ја излупиш пред да ја изедеш и тоа не одзема многу време, а може моментално да го надвладее чувството на глад.
  4. Процесираната храна, особено онаа во конзерви замени ја со домашно припремена храна, ако немаш доволна инспирација, можеби е време да размениш некој рецепт со пријателите или да побараш нето ново on-line.
  5. Секојдневно обиди се да употребуваш состоки со докажани антимикробни состоки, како лукот, кромидот, празот, сите видови на зачински билки кои е најдобро да ги користиш во свежа состојба.
  6. Почни да користиш повеќе здрави зачини, како куркума но секогаш во комбинација со бибер бидејќи така ќе и го зголемиш позитивното дејство.
  7. Секојдневно јади свеж храна, зеленчук и овошје, за да внесеш доволно витамини, минерали и фитонутриенти кои на твоето тело му се потребни за да може нормално да функционира
  8. Додај ферментирана храна како кисела зелка јогурт, кефир за да осигураш дека во твоите црева ќе има здрав микробиом.
  9. Пиј повеќе течности, најмногу вода и растителни чаеви.
  10. Осигурај дека доволно спиеш.
  11. Намали го сресот со некоја активност која ќе ти ги оттргне мислите и ќе ти создаде чувство на задоволство.
  12. Секојдневно одвои време барем половина час во денот за физичка активност, не обиди се да не се преморуваш.
  13. Во своето секојдневие вклучи јога вежби и медитација за да се опуштиш и за гарантирано да го напалиш стресот.

Сега кога знаеш како и самиот би можел да си помогнеш на себе, и тоа без да го напуштиш својот дом, согласно препораките за заштита од корона, нема што да чекаш почни со применување барем на некои од овие проверени совети уште денес, и намали си го стресот. Да останеме здрави!