5 начини за седењето дома да биде забавно

Во моменти кога самоизолацијата значи заштита на нашите животи, животите на нашите сакани и нашиот народ треба одговорно да се почитуваат.

Моментите поминати дома со семејството може да ги направиме корисни и забавни, а така ќе го намалиме стресот и подобриме расположението кое делува директно на нашето здравје.

Со овие 5 начини поминувањето време дома ќе биде позабавно и покорисно:

1. Одберете комедија!

Сигурно изгледавте добар дел на филмови, но дали изгледавте некоја добра комедија која искрено ќе ве насмее. Смеењето делува подобрување не само на расположението туку и на имунитетот, па затоа одберете некоја добра комедија и изгледајте ја сите заедно.

2. Згответе нешто вкусно!

Сигурно во еден период сте биле опседнати до гледањето на видеа со вкусни рецепти кои никогаш не успеавте да ги подготвите?! Денес нека биде денот која ќе подготвите нешто вкусно за вас и семејството.

Одберете нешто необично за подготовка со намирниците кои ги имате на располагање. Нека домот замириса на вкусно приготвена храна.

3. Вратете се на старите друштвени игри!

Иако модерните „борд гејмс“ се сега ин, а вие немаме од тие игри во вашиот дом не очајувајте. Пронајдете го стариот монопол, шах, табла или шпил карти и поканете го семејството на долго дружење со овие стари но, супер забавни друштвени игри.

Ќе ве навратат назад во детството и ќе ве расположат. Најважно, ако „губите“ не се лутете, само продолжете со играта!

4. Организирајте домашна караоке забава!

Сите сакаат да пеат, некој тоа го кажува јавно, а некои во туш кабината ги искажуваат своите вокални способности. Доколку имате микрофин ќе ги забавувате соседите, а доколку немате извадете ги четките за фенирање, пуштете на компјутерот текст од песната која сте ја одбрале и започнете први, така ќе ги охрабрите сите да станат и да запеат со вас. Расположението да биде на највисоко ниво е најважно во овие тешки моменти.

5. Разгледајте ги старите албуми со слики!

Стари албуми, полни спомени. Сигурно има многу време поминато откако последен пат ги имате разгледувано. Извадете ги сите албуми и уживајте со присетувањето на моментите поминати со семејството овековечени на фотографиите.
Сите ќе сакаат да ги погледнат. Убави моменти на кои вреди да се навратите преку фотографија,

Кога е здравјето и животот се во прашање треба се’ да се направи, следете ги препораките, но недозволувајте да ве онерасположат. Со овие активности времето ќе поминува побрзо, а притоа нема да ја изгубите насмевката на лицето, a тоа е многу важно!