Како да ги намалите менструалните болки ?

Надуеност, промени во расположението, болки, замор … Погледнете ги можните решенија за ублажување на менструалните симптоми …

Сите жени во повеќе или помалку страдаат од последиците на ПМС или самата менструација . Започнуваат една недела пред самото добивање и обично  првите симптоми се промена на расположението. Потоа се јавува подуеност и на крајот самата менструација, која сама по себе носи болка …

Решивме да најдеме начин и да им кажеме збогум на ваквите проблеми! Сигурно е дека не постои магичен лек, но ние ќе ви откриеме некои корисни информации за тоа како можете да го контролирате вашето тело.

1. Контролирање на расположението

И така во овие денови  релативно мирните, среќни и нормални девојки се претвораат во хистерични безумни кои не можат дури  сами со себе, а не да зборуваме за некој во друштвото. Без разлика на тоа колку и да се обидувате да воспоставите самоконтрола , тешко  доаѓате до позитивни резултати.

Овие работи не се невообичаени. Флуктуацијата на естрогенот и прогестеронот директно влијае на нивото на серотонин, хормонот на среќата . Експертите истакнаа дека недостатокот на калциум ги нагласува осцилациите на овие два хормони, кои автоматски го намалуваат нивото на серотонин во мозокот.

Така, првиот начин да се ослободите од овие симптоми во текот на периодот на менструација е да консумирате храна богата со калциум, како што е сирењето, млекото и сладоледот. Навистина. Некои студии покажале дека жените кои земаат 1200 мг калциум дневно немаат толку многу големи промени во расположението за време на ПМС .

Друг начин да се регулира ова прашање се позачестени оброци во текот на денот, поточно една недела пред менструацијата намалете го растојанието помеѓу појадокот, ручекот, ужината и вечерата. Не е важно колку старомодно звучи, ваквата исхрана го  одржува нивото на шеќер во крвта постојано и е најдобар начин за да се намали заморот.

2. Ослободете се од надуеноста

Чувството на надуеност  во стомакот е можеби едно од нај досадните чувства во периодот на менструација. И во овој случај, главните виновници се естрогенот и прогестеронот. Овие хормони влијаат на телото да ги задржува течностите за време на менструацијата.

Еден од начините да се ослободите од надуеноста е елиминирање на солта од исхраната неколку дена пред добивање. Исто така пијте повеќе течности. Колку повеќе течност внесувате во телото пред менструацијата толку повеќе тело ќе ја елиминира во текот на менструацијата. А со тоа се намалува и болката.

Во случај ако надуеноста продолжи најдобро е да се консултирате со гинеколог за можноста да ви препише контрацептивни пилули или друг метод на лекување.

3. Не одбивајте секс

Повеќето жени не можат да замислат секс и менструација во иста приказна, но не постои пречка зошто тоа не треба да се практикува, освен  вашиот срам и гадење.

Впрочем, докажано е дека сексот може да биде одлична алатка за отстранување на болката, бидејќи контракциите кои се јавуваат со оргазмот со релаксирањето по него, го намалуваат интензитетот на грчевите.

Единствено  што треба е да бидете внимателни во врска со хигиената. Се препорачува да се користи кондом, поради потенцијалниот ризик од инфекција, подгответе марамчиња  и крпи за чистење на остатоците после тоа.