К Е Ф И Р- Лековита габа од Кавказ

Кефир е вкусен и хранлив млечен пијалак, со потекло од Кавказ.

Според легендата, зрната и инструкциите за неговата подготовка староседелците ги добиле директно од пророкот Мухамед, заедно со заповедта за чување на тајната.

Жителите на Кавказ, за кои се верува дека виталноста и долговечноста ја должат на секојдневното уживање на овој исцелувачки пијалак, навистина со векови љубоморно ја чувале тајната за подготовка на кефир. Всушност, сè до моментот кога во приказната се вмешала љубовта.

За жал, несреќна љубов барем според едниот  учесник во приказната, принцот Бек-Мирза Бархоров.

На почетокот на 20 век убавата русинка Ирина Сакшарова одлучила да го посети во Кисловодск, град во северниот Кавказ, со цел да го заведе и да извлече од него неколку скапоцени зрна за подготовка на кефир.

Првиот дел од планот  целосно успеал, но не и другиот, бидејќи вљубениот принц од страв од казна поради кршење на верските закони, одбил да и ја исполни желбата на Ирина, по што разочараната убавица со  незавршената работа се упатила  назад.

Но принцот немал намера да и дозволи таа да го напушти, а во согласност со локалните обичаи, наредил киднапирање на невестата.

Сепак,  свадбата не успеала откако придружбата на Ирина го известила царот за скандалозниот план на принцот.

Огорчен од постапката на принцот, царот му наредил на принцот за навредата нанесена на Ирина да ја поправи така што ќе и даде чаша кефирни зрна за  подготовка на кефер.

И така  започнало.

Од тогаш, кефирот  постепено се шири низ целиот свет, а во  изминатото време  , многумина се уверија во неговите лековити својства.

Лековити својства на кефирот

Овој вкусен и освежителен пијалак е направен од т.н. кефирни габи, иако всушност станува збор за симбиоза на корисните бактерии и габи.

Искуството покажа дека кефирот  е добар за здравјето, и лечи или помага во лекувањето на многу болести и заболувања.

Редовното консумирање на кефир …

  • -го зајакнува имунолошкиот систем
  • -чисти телото од токсини
  • -помага да се воспостави нормален крвен притисок
  • -го намалува нивото на холестерол
  • -помага кај болести на желудникот
  • – ја обновува флората и ги олеснува болестите на цревата
  • -помага кај заболување на црниот дроб, бубрезите и жолчката
  • -лекува воспалителни процеси .(природен антибиотик)
  • -помага при анемија и слаба циркулација
  • -лечи респираторни болести
  • -помага при стрес, несоница и болести на нервниот систем
  • – го забавува ширењето на клетките на ракот
  • -е ефикасно против габички и бактерии
  • -помага кај астма и алергии

Подготвување на кефир

Важно е да се напомене дека  индустриски произведениот кефир  не е направен со помош на кефирната габа, туку со хмељ и  култури на бактерии кои на пијалакот му го даваат истиот вкус, но не и квалитет.

Затоа, кефирот  најдобро е да го подготвувате во домашни услови.

Начин на подготовка на кефир навистина е едноставен. Потребно е само млеко и габи, односно кефирни зрна.

Традиционално, за подготовка на кефир не се употребуваат метални чинии и лажици, бидејќи може да го намалат лековито дејство на пијалакот.

За половина литар на кефир потребни се две лажици зрна и било какво млеко (кравјо, овчо, козјо).

Млекото може да биде  неварено или варено, но не смее да биде жешко.

Препорачливо е млекото да не содржи помалку од 2,8% масти – колку е поголема содржината на мастите во млекото , толку е подобар кефирот.

Постапка

Млекото, истурете го  во стаклен или пластичен сад.

Во млекото ставете зрна.

Покријте (на пример, со чинија), и оставете го на собна температура  од 24 часа. Собната температура не смее да биде повисока од 30 степени.

Во рок од 24 часа течноста ќе се згусне. Можете да ја мешате повремено со цел да ја проверите густината.

После тоа, кефирот  е потребно да се процеди (се препорачува да се користи пластична цедалка), истурете го во шише и чувајте го во фрижидер.

Кефирните зрна потребно е да се мијат со ладна или млака вода и ден до два дена (до следната употреба) оставете ги во фрижидер, во ладна вода или млеко.

Кефирните зрна многу брзо ќе се размножат, а тоа ќе овозможи добивање на поголема количина на пијалакот.

Количеството на за подготовка на кефирот, се зголемува во сооднос со количината на зрна.

Напивката со цел за одржување на здравјето и виталноста можете да ја пиете  секојдневно.

Се препорачува да се започне со 1дл и постепено зголемување на износот. За терапевтски цели треба да се пие еден литар кефир дневно.