Вкусот на домашната мамина пица е омилен вкус во кој ужива целото семејство. Тајните состојки на домашната пица на тесто по оригинален италијански рецепт. Ммммм вистинско гурманско уживање …
Состојки:
- 250 гр брашно
- 125 мл вода
- 1 кафена лажичка сув квасец
- 1 кафена лажичка сол
- 1 кафена лажичка шеќер
- 1-2 супени лажици масло за јадење
Подготовка:
Квасецот се раствара во топла вода, при што се додаваат и шеќерот и солта. Се трга на страна да отстои. Брашното се просејува и се додава квасецот. Постепено се замесува, На крај се додава и маслото и се продолжува со месењето додека маснотијата не се упие целосно. Се остава тестото да отстои додека не се дуплира на топло место, при што садот се покрива со најлонска фолија и крпа.
Добар апетит!