Ако сакате да ги намалите килограмите, и исхраната и вежбањето се важни. Сепак, не значи дека се поеднакво важни. Ова видео објаснува зошто менувањето на исхраната има поголем ефект за губење на килограмите од вежбањето.
Имено, голем дел од калориите во даден ден се губат само поради тоа што сте живи. Иако кога вежбате согорувате калории, тоа всушност и не се толку многу калории. Видеото подолу објаснува дека со 20 минутно вежбање се согоруваат околу 200 калории. А едно половина литарско шише Кока Кола содржи 260 калории. Ако одлучите да се ослободите од 200 калории вежбајќи половина час, или едноставно со пиење вода за вечера, што мислите дека ќе биде полесно?
Сепак, вежбањето е исто така супер опција. Придобивките од вежбањето не мораат да бидат врзани со слабеењето, вежбајте за едноставно да го одржувате телото во добра форма. Но ако вашата цел е да ги намалите килограмите, внимавањето на исхраната е многу подобар прв чекор од одење во теретана откако сте јаделе бургер.