Инстант маска за уморни очи

Многу едноставна & природна домашна маска за уморни очи. Сварете зелен чај и камилица заедно. Потоа почекајте истите да се оладат и нанесете ги на стерилна газа. Ставете ги врз очните капаци и оставете 20-тина минути и уживајте во Вашиот домашен „бјути“ третман во комбинација со релаксирачка музика.