Има ли решение за оние кои патат од хроничен стрес?

Според многуте експерти, ако твојот стрес не може да се намали и опстојува постојано, тогаш најверојатно тој твој стрес се претворил во хроничен.

Хроничниот стрес може негативно да се одрази врз твоето физичко и психолошко здравје и благосостојба. Докажано е дека хроничната изложеност на големо ниво на стрес, неминовно води до развивање на некој здравствен проблем.

Инсомнијата, анксиозноста, високиот крвен притисок, шеќерната болест, слабиот имунитет итн. сето тоа може да е во тесна врска со стресот на кој постојано си изложен.

И неизбежната вистина е дека кој и да сака да живее посреќен и поквалитетен живот, и истовремено да си го зачува здравјето, неопходно е да ги направи потребните промени во неговиот стил на живот.

Еве неколку од советите кои ги препорачуваат стручњаците кои се занимаваат со здравото менаџирање на стресот, и според нив ваквите и слични методи не само што ќе придонесат за помалку стрес туку можат и да ти го зачуваат мирот и здравјето.

Постави си приоритети и граници

Понекогаш огромната листа на задачи и обврски е се што ни е потребно за да порасне нашето ниво на стрес и да не исфрли од колосек.

Затоа експертскиот совет е да ги идентификуваме нештата кои апсолутно мора да ги направиме, а да поставиме граница и да го елиминираме или намалиме сето она што можеби во дадениот момент и не е толку битно.

Овој метод, иако навидум е многу едноставен, дава ефикасни и добри резултати во поглед на намалувањето на нивото на секојдневен стрес.

Побарај помош од пријател

Доколку имаш проблеми со справувањето со стресни ситуации во твојот живот, запомни дека не само што е дозволено туку и се препорачува да побараш помош од некој близок пријател или роднина.

Немој да се срамиш или воздржуваш, туку побарај помош секогаш кога ти е потребна. Подршката и советите од страна на блиските понекогаш може да бидат и се што е потребно за совладување на некоја предизвикувачка животна ситуација.

Со помош на твоите блиски, можеби ќе можеш полесно да го издржиш притисокот со кој се соочуваш, особено ако тие веќе минале низ слични животни ситуации па можат да го споделат сопственото искуство или дури да дадат и конкретен совет.

Подобри го квалитетот на сонот

Луѓето кои хронично се изложени на големо ниво на стрес, најчесто патат од некоја форма на инсомнија, а дури и да заспијат, ретко кога успеваат навистина да се одморат зашто немаат квалитетен сон.

Затоа неопходно е да се обидеш да си воспоставиш редовен режим на спиење до кој навистина ќе се придржуваш, и да си создадеш пријатен амбиент за спиење во твојата спална соба.

Биди попозитивен

Позитивниот поглед кон нештата кои ти се случуваат во животот, може значително да ти го намали стресот.

И токму затоа една од главните препораки за здраво менаџирање на стресот е во секоја ситуација, без оглед дали е добра или лоша, да се обидеш да воочиш нешто позитивно од кое би имал позитивна придобивка во твојот живот.

Хроничниот стрес е сериозна состојба и затоа неопходно е колку можеш побрзо да изнајдеш начин кој тебе ќе ти е од корист, и кој ќе ти помогне да се опуштиш и да имаш поквалитетен живот.

Квалитетот на животот несомнено ќе порасне ако редовно го храните нервниот систем, но и мозокот со двете есенцијални состојки – магнезиум и витамин Б6. Каде ќе ги најдете? Во таблетите на Dr. Viton Magnezan B6 – најдобриот суплемент кој целосно одговара на современото темпо на живот. 

Магнезиумот ја следи работата на над 300 ензими во телото, учествува во производството на енергија за телото, синтезата на ДНК и РНК, го штити здравјето на срцето, мозокот, учествува во прочистувањето на телото од токсини. При услови на хроничен стрес е клучен за да поттикне лачење на серотонин и допамин кои ќе ве расположат, но ќе ви донесат и здрав сон.

Витаминот Б6 го смирува нервниот систем, но делува и на грчевите и тензијата во коските и мускулите кои го загрозуваат денот. Бидејќи се заснова на вода, а тоа значи дека брзо ќе се апсорбира во телото, неговите ефекти секундарно ќе ги почувствувате. Токму поради оваа особина витаминот Б6 е додаден во Dr. Viton Magnezan B6, бидејќи ја олеснува апсорпцијата на магнезиумот за 40 %. 

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)