Храна која ќе ви помогне да ослабете

Постојат многу видови храна која можете да ја консумирате во текот на целиот ден и истата ги согорува калориите и го редуцира вишокот килограми. Добра вест е тоа што оваа храна е многу вкусна и изобилува со здрави придобивки за вашето тело. Обидете се да ги вметнете овие јадења во вашите оброци и вежбајте редовно. На овој начин ќе согорите многу калории и ќе го подобрите вашето здравје.

grejp630450x300

Грејпфрут

Го забрзува вашиот метаболизам и ви помага да согорите голем број на калории. Ова овошје ќе направи да се чувствувате сити подолго со само неколку калории. Исто така грејпфрутот ќе ви помогне да го стабилизирате шеќерот во крвта. Можете да го додадете во овошни салати, смуди или пијте свежо цеден сок од грејпфрут.

celery_442368c

Целер

Тајната на целерот е едноставна, содржи малку калории и ви помага да согорите повеќе отколку што внесувате. Најмногу содржи вода, поради тоа е корисен при држење на избалансирана диета. Меѓутоа, не се потпирајте само на оваа храна, бидејќи преку неа нема да ги добиете есенцијалните минерали и хранливи материи. Најдобро би било да правите комбинации со други видови на храна.

Whole-Grains

Цели зрна

Истражувањата покажаа дека подобро е да консумирате цели зрна, отколку рафинирани, тоа го намалува ризикот за добивање хронични болести. Овој вид на зрна се многу добри при држење на диети бидејќи им треба повеќе време да се сварат, така да нема да почувствувате глад подолго време. Целите зрна се богати со разни витамини и минерали и јаглехидрати.

manfaat-teh

Зелен чај

Доколку не сте знаеле, зелениот чај е добар засилувач на метаболизмот. Богат со антиоксиданси, зелениот чај со тоа што ви го забрзува метаболизмот, ви помага да ги изгубите вишокот килограми. Едноставно уживајќи во вкусот на овој чај и направете услуга на вашето тело.

2407_arctic_char_swiss_char_0

Омега 3

Научно докажано е дека омега 3 мастите, делуваат како регулатор на метаболизмот. Овие масти се одразуваат на нивото на хормонот лептин, кој контролира колку брзо се топат маснотиите. Бидејќи нашето тело не ги создава овие масти, можеме да ги добиеме јадејќи риба или омега 3 суплементи.

shad-zistan-4

Кафе

Не постои некој кој може да си го замисли утрото без шолја кафе. Кафето ни помага да се почувствуваме поживо и посконцентрирано. Кога кофеинот влегува во системот, срцето почнува побрзо да чука, крвта зема повеќе кислород и повеќе калории се согоруваат. Но овој ефект се намалува кога во кафето се додава млеко и шлаг, наместо тие додатоци можете да ставите цимет.

il_570xN.679520752_hqca

Зачинета храна

Сите зачини влегуваат во групата на храна со која се согоруваат калории. Тие не се богати со калории и се одличен додаток за вашето јадење.

e8c4042b13505436

Бразилски ореви

Овие ореви го забрзуваат вашиот метаболизам, меѓутоа корисни се и во борбата со целулитот , а воедно и ви го зголемат имунитетот.