Хипертензијата е опасна по живот ако не ја откриеш рано!

Што е крвен притисок ?

Крвниот притисок е мерка за силата која срцето ја користи за да ја пумпа крвта низ телото.  Со своето отчукување срцето ја пумпа крвта и таа притоа притиска на зидовите од крвните садови.  Кога ние го мериме притисокот всушност ја мериме силата на ова притискање.

Нормалниот крвен притисок изнесува 120/80 mm Hg.

Поголемата бројка е систолниот притисок односно притисокот кој се создава врз зидовите на артериите при пумпањето на крвта.

Помалиот број е притисокот кој се создава измеѓу отчукувањата и се вика дијастолен притисок.

Кога крвниот притисок е покачен тоа значи дека им предизвикува преголем стрес на артериите и на срцето, токму затоа неконтролираниот крвен притисок може да доведе до појава на срцева болест, па дури и до срцев или мозочен удар.

За да се спречи ваков кобен исход, неопходно е навреме да се открие дека лицето има хипертензија и веднаш да се превземат сите потребни мерки за намалување на притисокот.

За навреме да се открие ваквата состојба најсигурен метод е редовното мерење на крвниот притисок, затоа што симптомите се појавуваат доцна односно во фазата кога болеста веќе напредувала.

За хипертензија се смета кога вредноста на крвниот притисок е 140/90mmHg или повеќе.

На најголем ризик за развој на хипертензија изложени се

  • -луѓето над 65 години
  • -оние со прекумерна телесна тежина
  • -оние со хипертензија во семејството
  • -оние со лоша исхрана
  • -недоволна физичка активност
  • -голем внес на кафе и алкохол
  • -зголемен стрес
  • -недоволен сон

Најчести симптоми на покачен крвен притисок се:

Премор – кој се јавува какоо резултат на зголемен притисок во виталните органи (мозок, срце, бубрези) пришто телото работи потешко одколку при нормален притисок.

Болка во градите – затоа што срцето е под зголемен стрес поради потребата да пумпа повеќе крв и кислород, кога е зголемен притисокот.  Може да се оштетат и коронарните артерии кои ќе предизвикаат ненормален доток на крвта до срцето, а со тоа и појава на ангина.

Потешкотии во дишењето – се јавуваат како резултат на ефектот на покачениот притисок врз срцето и белите дробови.  И овие потешкотии стануваат повидливи при зголемена физичка активност.

Неправилни отчукувања на срцето – аритмијата доста често е последица на покачениот крвен притисок, и најчесто укажува на ослабена работа на срцето.

Долготрајни главоболки, лошење и нагон за повраќање, проблеми со видот, крв во урината итн.

Но поради неспецифичноста на овие симптоми и поради тоа што кога ќе се појават хипертензијата веќе земала поголем замав, се препорачува и во отсуство на билокаков симптом крвнот притисок да се мери и одржува во нормала.

Покачениот крвен притисок немора да те убие, ако го откриеш доволно рано, затоа најди начин за редовно да го мериш и избери да живееш здраво!

Auron TMB 1117 може да ги нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/auron-tmb-1117/

Аурон апаратите може да ги може да ги набавите во аптеките на: Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)