Освен, ако не сте од оние кои користат само лосион за чистење лице и крема што ќе ја најдат по дома (сериозно, време е да го надградите режимот за нега!) тогаш голема е веројатноста веќе да користите витамин Ц, хијалуронска киселина и ретинол.
Овие популарни активни состојки се среќаваат во многу производи денес, но ретко се наоѓаат спаковани во една уникатна формулација.
Ако секој од нив доставува низа бенефити за кожата, прашањето е што можат да сторат заедно и дали е пожелен нивниот сојуз?
Ќе ви одговориме на старт: И тоа како е пожелен!
Хијалуронска киселина: Ѕвездената состојка во козметичката индустрија чија примарна цел е да обезбеди хидратација. Замислете ја како магнет за вода – може да привлече вода до 1.000 пати повеќе од сопствената тежина. Оној здрав и негуван изглед на кожата се должи токму на оваа состојка. Таа е доволно нежна за да одговара на сите типови кожа, вклучувајќи ја и чувствителната.
Ретинол: Клучна anti-age состојка која е фокусирана на горниот слој на кожата – забрзано го обновува и на тој принцип ги брише фините линии и брчките давајќи ѝ на кожата фантастичен сјај. Ретинолот поттикнува продукција на колаген и ја подобрува структурата на кожата. Иако можеби не сте во години кога стареењето ви задава грижа, сепак, вашата кожа ќе има корист од ретинолот. Оваа мултитаскинг состојка работи и на акните и на нееднаквиот тен.
Витамин Ц: Се вклучува во формулата со цел да направи разлика во однос на хиперпигментацијата и изедначување на тенот. Тој ја избелува кожата и ги неутрализира штетите од слободните радикали. Витаминот Ц е многу поефикасен на клеточно ниво кога доаѓа спакован во облик на серум. За разлика од кремите, серумите имаат највисока концентрација на активни состојки спаковани во помали молекули кои полесно и подлабоко пенетрираат.
Секоја од овие состојки несомнено ќе ги достави ефектите наведени погоре, но нивната комбинација ќе ви донесе двојно поголем ефект за многу покусо време.
Dr. Viton Hyaluronic Acid Серум е производот кој се базира на „светото тројство“ составено од хијалуронска киселина, ретинол и витамин Ц, што ќе ви дозволи да прескокнете неколку чекори во режимот за нега.
Хијалуронскиот серум на Dr. Viton сам по себе е доволен за да ви обезбеди длабинска хидратација, да ја врати еластичноста и свежината на кожата и да ги „испегла“ фините линии и брчките.
Dr. Viton Hyaluronic Acid серумот предничи во однос на другите и по уште еден сојуз – витамин Ц и витамин Е. Во комбинација, витамините се поефективни во превенцијата на фотоштетите отколку секој засебно. И двата работат на штетите од слободните радикали, но секој од нив превенира од различни УВ штети.
Што значи, со употребата на Dr. Viton Hyaluronic Acid серумот, на кожата ѝ нудите двојна антиоксидантна имунизација.
Нарачајте го производот и сами уверете се во фактите.
Dr. Viton – Hyaluronic Acid серумот е достапен во аптекитe на: Еурофарм, Виола, Бети во други подобро снабдени аптеки, како и во дрогериите на dm и Cosmo – Тинекс!
Можеш да го нарачаш и онлајн на:
https://alfalab.mk/proizvodi/hyaluronic-acid-serum/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот ) .