Ова се најчестите грешки кои ги правиме додека ја подготвуваме храната

Здравата исхрана се состои од различни видови храна која содржи многу хранливи материи и помага за правилно работење на метаболизмот. Но често овие продукти не се подготвуваат правилно и на тој начин губат голема количина на хранливи материи. Ќе ви ги откриеме најчестите грешки што ги правиме кога ја приготвуваме  храната.

Зеленчук

Грешка: ако го подготвувате во микробранова печка или го варите.

Решение: готвење на пареа, бидејќи на тој начин ќе ги задржи сите потребни хранливи материи.

 

Домати

Грешка: Морате да јадете сурови домати.

Решение: Загрејте го. Доматите, имено,ја намалуваат  можноста од срцев удар, а помагаат и во борбата против рак на простата, благодарение на моќниот антиоксиданс ликопен. Со загревање се зголемува нивото на ликопен. За најдобри резултати, доматите гответе ги  во маслиново масло.

 

Јагоди

Грешка: Ги сечете пред јадење.

Решение: Јадете ги цели бидејќи тие содржат 8-12 проценти повеќе витамин Ц од сецканото овошје. Со сечење, витаминот Ц го изложувате на светлина и кислород, со што тој ја губи вредноста. Јагодите треба да се чуваат на ниски температури во фрижидер.

 

Замрзнати производи

Грешка: Не купувате замрзнати производи.

Решение: Започнете да користете и замрзната храна. Повеќето луѓе мислат дека само свежата храна е здрава. Но британските научници откриле дека замрзнато овошје и зеленчук, исто така, имаат високо ниво на антиоксиданси, вклучувајќи полифеноли, витамин Ц и бета-каротен.