Грејпфрутот ги топи мастите и ја намалува телесната тежина

Грејпфрутот изобилува со бројни микронутритиенти кои се корисни за здравјето. Содржи витамин Ц, витамин А, магнезиум, манган, железо, калиум, фосфор, фолати и многу од витамините Б. Една од многуте придобивки за здравјето од грејпфрутот е неговата помош при намалување на телесната тежина.

Грејпфутот содржи многу малку натриум, а е богат со вода и ензими за согорување на масните наслаги. Ваквата содржина и комбинација на состојки дејствува во насока на забрзување на метаболизмот.

Затоа, грејпфрутот е одличен сојузник во борбата против масните наслаги. Всушност, ова овошје им се препорачува на сите кои се обидуваат да ја намалат телесната тежина. Детоксикацијата на телото преку јадење на повеќе зеленчук, протеини и секако грејпфрут, е одличен начин за ослободување од зголемените килограми.

Уште една голема придобивка од грејпфрутот за здравјето е богатството на антиоксиданси, како витамините А и Ц и ликопенот. Салицилната киселина која ја има во грејпфрутот дејствува како моќен антисептик.

Ова дејство особено е карактеристично за екстрактот од семки на грејпфрут, кој се користи во многу антисептични спрејови. Салицилната киселина, исто така го разложува неорганскиот калциум кој се наталожува во зглобовите, па редовното пиење на сок од грејпфрут може да помогне во олеснувањето на непријатните симптоми на артритисот.

Грејпфрутот помага и за намалување на нивото на лошиот холестерол. Меѓутоа, треба да се напомене дека сокот од грејпфрут може да има негативен ефект во комбинација со некои лекови, како лекови за алергии, депресија, анксиозност, висок крвен притисок, ХИВ и други.

Затоа ако сте на терапија со препишани лекови, задолжително консултирајте се со лекар пред да консумирате грејпфрут.