Кога докторите му рекле на 74-годишниот Дени МекДоналд од Ирска дека има рак на желудникот, толку силен што најверојатно ќе го убие во рок од три месеци, тој одлучил да ги игнорира нивните совети за да одбегне третман со токсична хемотерапија и да го прифати пристапот на лечење со прав од пченична и јачненова трева.
Четири години подоцна Дени се чувствува одлично, благодарение на дневниот протокол кој го усвоил и кој вклучува пиење на сок од пченична трева (млада пченица), хранлива густа „суперхрана“ со разни неверојатни здравствени бенефиции.
Дени станал свесен за својата состојба кога чирот на желудникот одеднаш му експлодирал во стомакот. Откако бил однесен во болница од фармата на која живее, лекарите се бореле да го спречат крварењето, за притоа да откријат дека Дени всушност има тежок облик на рак на желудникот кој се проширил низ целото тело. Тие го предупредиле дека единствениот начин на кој би можел да се ослободи од ракот, според нивното мислење, би било да помине низ конвенционално лечење – хемотерапија и зрачење.
За разлика од повеќето луѓе, Дени одлучил да ги истражи другите методи на лечење. Подоцна ги известил своите доктори дека се определил за сопствен домашен третман, кој вклучува конзумирање на сок од млада пченична и јачменова трева.
Докторите биле прилично лути поради неговата одлука, истакнувајќи дека тој ќе биде мртов во рок од неколку недели ако ги одбие нивните лекарски совети. Но тој останал одлучен.
„Им реков на докторите дека не сум подготвен да подлегнам на лечењето кое ми беше предложено. Знаев дека ќе ме убие. Тие беа бесни што дојдов до тој заклучок. Мојот приватен доктор ме предупреди дека ќе умрам за три месеци“ – рекол МекДоналд.
Изборот на Дени за користење на пченична и јачменова трева во прав трева како третман за неговиот рак се темелел на многу искуства за кои слушнал од пријатели за чудесното лековито својство на пченичната и јачменова трева.
„Во рок од седум дена чувството на пецкање кое го имав помина, и јас се чувствував многу подобро. Престанав да ги земам таблетите кои ми беа препишани и оттогаш немам земено ниту една таблета до денешен ден. Еден месец подоцна болката сосема исчезна и знаев дека сум на пат да се опоравам. Мојот лек мојот сок кој ме врати во живот делуваше. Направив вистинска одлука кога ги одбив советите на докторите и секој ден пиев по една часа вода во која растворав една лажичка микс од пченична и јачменова трева“.