Гинко билоба го чува вашиот ум од деменција, старечка склероза и Алцхајмерова болест

Во истражувањето кое траело три години, учествувале 118 лица постари од 85 години, кои немале проблеми со меморијата. 

Со консумирање на екстракт од гинко билоба може да се одложи појавата на губење на меморијата кај постарите лица, кои инаку се во добра здравствена состојба, тврдат истражувачите од Американскиот универзитет во Орегон.

Во текот на истрагата се покажа дека екстрактот од гинко билоба ја подобрува меморијата и другите ментални функции и кај пациентите со деменција.

Во истражувањето кое траело три години, учествувале 118 лица постари од 85 години, кои немале проблеми со меморијата. Половина од нив земале екстракт од гинко три пати на ден, додека другата половина добивале плацебо.

На крајот се покажало дека субјектите кои биле дисциплинирани во земањето на гинко апчињата имале 68 проценти помалку шанси да имаат проблеми со меморија во споредба со плацебо групата. Точно, седум лица од групата, која го земала овој екстракт, доживеале мозочен удар или помал мозочен удар,  но научниците немаа вистински одговор за тоа зошто тоа се случило.

Во плацебо групата, не биле пријавени вакви случаи.

Оваа студија укажува дека истражувањето за  широката распространетост на екстрактот билоба треба понатаму да се прошири за  со сигурност да се знаат сите  негови позитивни и негативни ефекти и оправданоста на масовната употреба, предупреди д-р Хироко Доџ, менаџер на Орегонскиот истражувачки тим.

ginko-2

prodazni-mesta-nature-essential1 (2)