Гинко билоба е најстарото дрво на земјата. Познато е дека постојат стари дрвја, верувале или не, пред 200 милиони години. Ова дрво може да достигне до илјада години.
После леденото доба гинко дрвото расте природно само во Кина, и таму се смета за свето дрво. Гинко со векови во оваа древна земја се користи како лек за разни болести како што се астма, болести на белите дробови, а особено за поттикнување на периферната и церебралната циркулација на крвта. Денес, гинко е нашироко користен природен производ.
Оваа билка содржи високо ниво на флавоноиди и благодарение на тоа има силни антиоксидантни ефекти. Покрај тоа, листовите содржат флавоноиди, билобалиди, гинко етерични масла и танинска киселина, па за лекување се употребуваат листовите.
Лековити својства
Гинко како природен лек е особено корисен за третман на заболувања на периферната и церебралната циркулација, што значи за луѓето кои преживеале мозочен удар. Ова растение има позитивен ефект врз микроциркулацијата во мозокот па се препорачува за постари лица и оние со вртоглавица, тинитус, главоболка и слично. Гинкото со самото тоа ја подобрува концентрацијата, меморијата и другите мозочни активности.
Може да ги олесни непријатностите кога станува збор за астма, Алцхајмерова болест, импотенција, висок или низок крвен притисок, заздравувањето на раните, воспаление на вените (спречување на тромбоза). Тоа е корисно како природен лек против мигрена .
Забелешка: Луѓето со епилепсија кои земаат некој вид на билката гинко билоба се изложени на поголем ризик од добивање на нов епилептичен напад, покажаа најновите истражувања .