Германците тоа го прават најдобро: Специјалитети за малку пари

Иако првата асоцијација на германската кујна се пиво и колбаси, не смееме да ја занемариме една од најинтересните и највкусни европски кујни. Ова се супи и десерти од тесто кои ќе ви помогнат да ја запознаете магијата на големите кулинарски мајстори.

1

„АЈНГЕМАХТ“ СУПА

  • 2 пилешки крилца
  • 1 парче бело месо
  • 1 лажица масло
  • 100 гр. грашок
  • 3 лажици пченка
  • 3 моркови
  • 1 мал целер
  • 1 голем пашканат
  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • еден врзоп магдонос
  • 10  лажици гриз
  • 1 јајце
  • сол
  • бибер

ПОДГОТОВКА: Ставете масло во тава да се загрее, а потоа додадете ситно сечкан кромид и лук. Кога кромидот ќе омекне, додадете моркови, целер и пашканат сечкани на коцки. Додадете околу 1,5 литри вода и оставете да се вари се додека зеленчукот не омекне, а потоа додадете ги пченката и грашокот. Кога супата е готова, зачинете по вкус, додадете го ситно сечканиот магдонос и со една мала лажичка ставајте ги кнедлите кои сте ги направиле од гриз и јајца. По неколку минути тргнете ја супата и служете ја топла.

2

БАВАРСКИ ПЕРЕЦИ

  • 470 гр. брашно
  • 1 пакетче сув квасец
  • Околу 300 мл врела вода
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажици масло
  • 75 г натриум бикарбонат
  • 3,5 л вода

ПОДГОТОВКА: Во подлабока чаша сипете 130 мл топла вода, а не жешка вода, две лажици брашно, една лажичка шеќер и една кесичка сув квасец. Оставете ја на топло место за квасецот да проработи, а потоа  измешајте го со останатото брашно. Додајте сол и останатата вода и замесете го тестото, се додека не лепи на вашите раце. Оставете го на топло место, покријте го со крпа околу два часа. Откако тестото ќе стаса, премесете го со оклагија, направете переци и посипете ги со морска сол. Во  подлабок сад истурете вода и сода бикарбона и кога ќе зоврие, ставајте еден по еден перек. Нека се варат точно три минути, а потоа извадете ги и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути или додека не добијат убава кафеава кора.

3

 РАБАРБАРА ТОРТА

  • 1 кг рабарбара
  • 250 гр. путер
  • 1 прашок за печиво
  • 2 лажици шеќер
  • 3 жолчки од јајце
  • 1 ванилин шеќер
  • 160 гр. брашно
  • 40 гр. гриз
  • 7 лажици млеко
  • 3 белки
  • 250 гр. шеќер
  • 3 лажици мелени бадеми

ПОДГОТОВКА: Излупете ја рабарбарата и изрендајте ја, а потоа посипете ја со шеќер и оставете да го испушти сокот, околу половина час. После тоа, добро исцедете ја рабарбарата и  измешајте ја со мелените бадеми и една лажица гриз. Изматете го путерот за да биде пенест,  постепено додавајќи шеќер. Додадете ги жолчките  една по една , потоа брашното, ванилин шеќер, а остатокот од гризот, прашокот за печиво и седум лажици млеко. Вака добиената смеса истурете ја во плехот за печење кој претходно ќе го покриете со хартија за печење. Изматете ги  белките со 250 гр. шеќер. На половина  печење, извадете ја  тортата и убаво распоредете ја рабарбарата , а врз неа, истурете ги жолчките со шеќерот и посипете ги со остатокот од бадеми. Вратете  ја во рерната и печете уште 25 минути.

4

РОЛАТ СО ЈАГОДИ

  • 3 јајца
  • 260 гр. шеќер
  • 150 гр. брашно
  • ½ кесичка прашок за печиво
  • 250 гр. јагоди
  • шлаг во спреј
  • една кесичка ванилин шеќер
  • Малку шеќер во прав за посипување
  • 200 гр. павлака

ПОДГОТОВКА: Одделете ги жолчките од белките. Прво, изматете ги жолчките со шеќерот. Во друг сад измешајте го белото брашно и прашокот за печиво. Изматете ги белките, така што ќе добиете цврст снег, а потоа со пластична лопатка лесно измешајте ги со жолчките и шеќерот. Потоа, измешајте ги со брашното и добиената  смеса ставете ја  во сад за печење и  печете на 200 степени додека кората не почне да се одвојува од тавата. Пандишпанот, додека е уште жежок  ставете го во влажна крпа и лесно свиткајте го во ролна. Кога целосно ќе се излади, премачкајте го со павлака , наредете ги јагодите, истурете шлаг во спреј и внимателно свиткајте го во ролна. Се сервира ладно.