Цел свет ги славеше пуканките: Уживајте и вие во овие 3 необични рецепти

На 19.01 беше одбележан денот на пуканките. Ако сте љубител на овие грицки пробајте еден од овие три необични рецепти.

1) Зачинети пуканки

Потребно е: 1 лажица масло, половина чаша пченка за пукање, ¾ лажичка сол,  3 лажици црвена пиперка, 3 лажици оригано, ¼ лук во прав, 1 лажичка сечкан кориандер.

Подготовка : Ставете ги пуканките во загреана тава, покријте ги и оставете ги на шпоретот додека пукаат внатре. Тргнете ги од шпоретот и оставете ги да се изладат. Загрејте ја рерната на 130 степени. Измешајте ги состојките во посебен сад освен коријандерот. Измешајте ги пуканките со смесата која сте ја добиле и држете го во рерна околу 15 минути.

2) Пуканки со кокос и бадеми

Потребно е : 1 лажица масло, половина чаша пченка за пукање, половина лажичка сол, 1/2 чаша ситно сечкани бадеми, 3/4 чаша кокос и 1/2 чаша тенко исечкано бело чоколадо

Подготовка : Ставете ги пуканките во загреана тава, покријте ги и оставете ги на шпоретот додека пукаат внатре. Тргнете ги од шпоретот и оставете ги да се изладат. Загрејте ја рерната на 150 степени. Додадете бадеми и кокос во тавата за печење. Печете околу 10 минути. Потоа измешајте ги состојките со пуканките од рерната и послужете.

3) Пуканки со лук и босилек

Потребно е : 1 лажица лук во прав, 1 лажица ситно сечкан босилек, три лажици маслиново масло

Подготовка : Подгответе ги пуканките и додека се уште топли ставете ги на лукот во прав и босилекот. Истурете маслиново масло врз нив и добро промешајте. Посолете по вкус.