Пињатата, иако потсетува на мексиканските забави со гвакамоли, текила и начос, всушност потекнува од Кина. Имено, Марко Поло е човекот кој ја прв ја забележал оваа забавна активност, кога ги видел тврдите хартиени фигури со светки. Па, така, во 14 век ја донел во Европа.
Но, иако Европјаните брзо ја заборавија, се пресели преку океанот. Така, пињатата си стана дел од мексиканската традиција. Традиционално, пињатата се изработува од земјени садови наречени пињатери, но денес или се купуваат или се изработуваат и се полнат со конфети, бомбони и сл.
Интересен момент и релативно понов тренд е една ваква пињата за на свадба.Нов и интересен начин да се забавувате и да ги забавувате и гостите. Обично се во форма на срце или торта, но тоа ќе го оставиме на вашата фантазија. Засега, еве инспирација.