Бројот на близнаци е во пораст, а одгледување на две бебиња истовремено, значи двојна грижа, но и двојно повеќе забава. Еве неколку интересни и забавни факти за близнаците.
1. Од 1980 година па се до денес бројот на родени близнаци се зголеми за 76 проценти.
2. Можноста да родите близнаци се зголемува со возраста.
3. Двојајчаните близнаци се генетски предодредени и се јавуваат кај жени кои можат да ослободат повеќе од една јајце клетка во исто време.
4. Еднојајчаните близнаци се резултат на случајни поделба на јајце клетката и не можат да бидат генетски предодредени.
5. Еднојајчаните близнаци делат иста ДНК , но го немаат истиот отпечаток од прстот.
6. Мажите кои се близнаци, нема и самите да имаат близнаци, освен ако нивните сопруги имаат можност да произведат два јајце клетки.
7. Еден од 250 бремености резултира со еднојајчани близнаци.
8. 22 % од близнаците се леваци .
9. Девојките кои се двојајчани близнаци се со поголема веројатност да родат близнаци.
10. Синдромот на исчезнат близнак се јавува во 15 до 20 проценти од бремености со близнаци, кога се губи еден од близнаците.
11. Ако некогаш сте имале двојајчани близнаци, имате три до четири пати поголема веројатност повторно да родите.
12. Нигерија е земја со најголем број на близнаци.
13. Кина има најмалку близнаци, 1 од 300
14. Истражувањето покажа дека веганите имаат пет пати помалку шанси да родат близнаци од жените кои консумираат млечни производи.
15. Поларните мечки најчесто раѓаат близнаци, ретко дури и тројки.
16. Истражувањата спроведени во Падова, кои ги проучувале 3D ултразвучните слики, откриле дека фетусите почнуваат со намерен контакт на 14 недели.
17. Дури 40 проценти од близнаците, измислиле свој јазик.
18. Повеќе од половина од близнаците се раѓаат пред 37 недела.
19. Просечната тежина на близнаци при раѓањето е 2,5 кг.