Една артичока, а безброј придобивки за здравјето!

Артичоката (Cynara scolymus) е многу здрав плод кој може да се користи во секојдневната исхрана, но постојат и додатоци во исхраната кои содржат артичока.

Артичоките се богати со минерали,витамини, растителни влакна, пребиотици и полифеноли. Екстрактите од артичока најчесто се употребуваат за намалување на покачениот холестерол и крвен притисок, за заштита на црниот дроб и за регулирање на цревната флора.

Инулинот е пребиотик кој успешно ја балансира цревната флора. Во клиничка студија во која учествувале 32 здрави лица, редовната употреба на инулинот од артичока го зголемила бројот на добрите бактерии во цревата.

Експериментално е докажано дека екстрактот од артичока може да го покачи создавањето на азотен оксид кои ги раширува крвните садови и доведува до намалување на покачениот крвен притисок.  Истотака артичиката содржи повисоко ниво на калиум во споредба со натриум што е корисно за спречување на појава на покачен крвен притисок.

Високиот холестерол е штетен за човечкото здравје и доведува до формирање на плаки во артериите, и развој на артеросклероза. Артичоката го намалува ризикот од артеросклероза и од срцеви заболувања токму поради способност ада го намали покачениот холестерол.  Се смета дека ова дејство се должи на полфенолот лутеолин и на способноста холестеролот да се пртвори во жолчни киселини.

Екстрактот од артичока го зголемува создавањето на жолчката и така помага за отстранување на опасните токсини од џигерот. Истовремено го заштитува овој орган од оксидативното оштетување и го намалува воспалението.

Листовите на артичоката се богати со антиоксидансни соединенија кои ги заштитуваат клетките од штетното дејство на слободните радикали и така спречуваат развој на болести.

Екстрактот од листовите на артичоката покажал и антимикробно дејство, особено кон габичките како кандида ,но и кон некои бактерии.

Артичоката во форма на додаток на исхрана се користи и за регулирање на шеќерот во крвта, но се советува и редовна посета на лекар и контролирање на состојбата.

Во последно време се повеќе се употребува и за намалување на прекумерната телесна тежина, артичоката дава чувство на ситост.

Од употребата на артичоката има многу придобивки:

  • Го намалува холестеролот
  • Го намалува покачениот крвен притисок
  • Го намалува ризикот за срцеви заболувања
  • Го заштитува црниот дроб
  • Има антиоксидансно дејство
  • Помага за варење на храната и за одржување на нормална цревна флора
  • Го регулира шеќерот во крвта
  • Помага за намалување на покачената телесна тежина

Ако се грижиш за своето здравје, нема што да чекаш пробај ја Nature Essential Артичока уште сега!

Nature Essential – Aртичока можете да ја нарачате онлајн ➡️ https://alfalab.mk/proizvodi/nature-essential-articoka/

Nature Essential – Aртичока може да ja набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, … во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)