Како што доаѓа времето на настинки, кои по правило се следени или предизвикани со воспаление на грлото, ви прикажуваме два ефикасни лека за третман на воспалено грло.
Овие рецепти лесно се спремаат од состојки кои ги имате во домот.
За првиот рецепт потребно ви е :
– 2 кесички црн или зелен чај
– 1 лимон
– една чајна лажичка сол
Направете чај од топла, не зовриена вода (3 децилитри). Во изладен чај, исцедете цел лимон и додадете сол. Добро промешајте. Со смесата правете гаргара и испирајте го грлото и комплетно устата што подолго и тоа барем 3 до 5 пати во текот на денот. По испирањето, смесата исфрлете ја од устата. Повторувајте го ова се додека симптомите не престанат.
За вториот рецепт потребно ви е :
– чај од жалфија направен во 2 децилитри вода
– 1 децилитар јаболков оцет
– еден лимон
Направете јак чај од жалфија и додадете во него оцет и сок од лимон.
Состојките добро изматете ги. Со оваа смеса правете гаргара и испирајте, особено грлото што подолго и тоа неколку пати дневно. Смесата не ја голтајте, туку исфрлете ја по испирањето.
Освен ова земете малку сода бикарбона на четкичката за заби и добро истријте го јазикот, за да ги отстраните сите наслаги од него, измијте ја устата со вода, а потоа повторно измијте ја со течност од нашите рецепти.
И двата рецепти се многу ефикасни и испробани, па затоа се надеваме дека и вас ќе ви бидат од помош.