Сите ние се сеќаваме како мајките и бабите ни ја намалувале температурата и ги ублажувале стомачните проблеми со народни лекови. Благодетите на „домашната аптека“ навистина се големи и затоа наместо да потрчате веднаш во аптека, ѕирнете прво во кујната и ако здравствениот проблем не е сериозен, дајте им шанса на природните лекови кои немаат никакви непожелни дејства.
СОЛ
Против атлетско стапало – Габична инфекција на стапалото која се појавува помеѓу прстите и предизвикува неподносливо чешање, се лечи многу ефикасно со солен раствор кои го намалува потењето и ја омекнува кожата. Натопете ги нозете во течноста направена од две лажички сол и пола литар вода, а по 10 минути нозете избришете ги со пешкир.
Против воспаление на грлото – Солениот раствор е многу корисен и во случај на болно и воспалено грло, а се прави од три лажички сол и 3 дл вода. Се испира грлото што почесто во текот на денот.
За одзатнување на носот – иако денес постојат низа препарати со морска сол, кои можат да се најдат во аптеките, нема причина препаратот да не го направите сами : пола лажичка морска сол разматете во чаша со вода и шмркајте ја течноста повеќе пати на ден.
КИМ
Против надуеност и гасови – Етеричното масло на ким ги поттикнува функциите на желудникот и жолчката, делува смирувачки на цревата, ги ублажува грчевите и помага при исфрлање на гасови. Најдобро е да изедете десетина семки од ким или да направите чај : лажичка од здробени семки, прелијте ги со шолја зовриена вода и оставете да одстои пет минути. Благиот чај од ким се дава дури и на бебињата кои имаат проблеми со грчевите.
За подобра лактација – Чајот од ким можат да го користат и доилките кои имаат малку млеко, бидејќи овој пијалак ја стимулира лактацијата.
МЛЕКО
Против несоница и вознемиреност – Нашите предци велеле дека најубаво се спие кога ќе се напиете шолја млеко пред да легнете. Научно е докажано дека овој домашен лек помага во борба против вознемиреност, раздразливост, напнатост, несоница и други проблеми кои стресот секојдневно ги предизвикува. Млекото делува благотворно на многу мозочни функции, а уште поефикасни ќе бидат ако се заслади со лажичка мед.
Против кашлица – Со комбинирање на млекото и некои производи, се добива лек против кашлица кој е поефикасен од било кој медицински препарат. Популарниот шербет се прави од спржен шеќер и млеко, а тука се и смесите од млеко и жалфија, млеко и лук – изберете го она што на вас најмногу ви одговара.
МЕД
За зајакнување на имунитетот – Благодарение на богатиот витамиско-минерален состав, медот спаѓа во еден од најдобрите средства за зајакнување на имунитетот. Овој пчелин производ има антибактериско, антивирусно и антигабично дејство и може да се користи во случаи на сите инфекции предизвикани од бактерии, вируси и габи.
Против митесери – Црните точки на лицето кои се настанати поради затнување на лојните жлезди, делуваат неестетски и го зголемуваат ризикот од воспаление и создавање на акни. Постои многу едноставен и ефикасен лек против овој проблем : загрејте во лонче мед до телесна температура и нанесете го на проблематичните места и по 10-15 минути измијте ги. Третманот повторувајте го повеќе пати неделно.
Дезинфицирање на исеченици – Нанесете мед на исеченици и оставете да делува пола час, а потоа измијте го. Медот ја дезинфицира раната и го забрзува нејзиното зараснување.
КОМПИР
Против главоболки – докажано е дека овој зеленчук ја отстранува главоболката ако се исече на кругчиња и се прицврсти на челото и слепоочницата.
Против парадонтопатија – компирот да се јаде неизлупен, затоа што во неговата лушпа се крие флуорот кој ги штити забите од кариес и парадонтопатија.
Против вишок на желудочна киселина – направете отвор во компирот и истурете мед во отворот, оставете да одстои 12 часа и пред утринскиот оброк и испијте го насобраниот сок. Терапијата спроведувајте ја три недели.
Против хемороиди – изрендајте го компирот и прелијте го со маслиново масло. Со прст земете од смесата, замотајте ја со газа, припијте ја на анусот и оставете да делува преку ноќта.
БИБЕР
Заздравување на раните – главна состојка на црниот бибер – пиперинот, има антибактериски својства и го забрзува формирањето на краста. Ако истурите малку бибер на раната или исеченицата, ќе престане крварењето и ќе го забрза заздравувањето.
Против дебелеење – црниот бибер го забрзува метаболизмот, а со самото тоа помага во регулирање на телесната тежина.
Против настинка и кашлица – Кога ќе се додаде на варено вино, црниот бибер ја потиснува настинката, а во комбинација со мед одличен лек е против кашлица.
БАНАНА
Против хемороиди – внатрешниот дел на кората ги ублажува хемороидите, а научниците велат дека за тоа е заслужен шеќерот од тоа овошје.
Против грчеви во нозете – овој проблем се поврзува со недостаток на електролити на калиум. Бананите се одличен извор на овој минерал, така што консумирањето ма ова овошје ќе ги намали зачестените грчеви.
МАСЛИНОВО МАСЛО
Лечење на опстипација – лажичка ладно цедено маслиново масло помешано со неколку капки од лимонов сок да се зема секое утро на празен стомак. Лажичката можете да ја ставите во топол чај, а потоа да го истурите маслиновото масло, прелијте го со малку чај и да се испие наутро пред појадок.
Против паѓање на косата – во 1 дл топло маслиново масло, ставете по лажичка мед и цимет, добро измешајте и оставете да се олади. Смесата втријте ја во косата, оставете да делува 15 минути (може и подолго), па добро исперете ја. Ако редовно се применува овој третман, косата ќе стане осетно појака и поздрава.
Против екцеми – маслиновото масло богато е со антиоксиданси кои го ублажуваат воспалението поврзано со појавата на екцеми. Затоа е препорачливо овие промени на кожата редовно да се мачка со ладно цедено маслиново масло. За да бидат резултатите уште подобри, замотајте го опфатеното место со пластична фолија и оставете да стои преку ноќта.
ЛИМОН
Отстранување на лузни од акни – со сокот од лимон на намачкајте ја лузната и оставете да делува дваесет минути. Третманот повторувајте го секојдневно.
За обелување на забите – едноставен начин да ги обелите забите за барем две нијанси, да ги триете забите со внатрешната страна на кората од лимон на која ме ставиле малку сол.
За алкализација на организмот – иако многу кисел, лимонот спаѓа во еден од најголемите базни производи и е одлично средство за борба против киселост на организмот, што е причина за настанување на многу болести.