Вирусот, грипот или настинката можат да ви го направат денот тежок и практично невозможен. А, да бидеме искрени, многу се чести во овој период од годината и токму кога мислите дека сте се збогувале со кашлицата, еве ви нова. Со помош на овој мал рецепт, ќе ја смирите кашлицата, ќе го намалите воспалението и ќе се ослободите од настинката.
Потребно ви е:
- Ѓумбир (кој го ослободува заболеното грло бидејќи делува антивоспалително)
- Мед (кој е антиоксидант и ги ослободува дишните патишта)
- 2 лимони (бидејќи лимонот е богат со витамин С)
- Вода
Подготовка:
Излупете го ѓумбирот(ако е свеж) или издробете неколку таблети ако го имате како суплемент
Изрендатјте ги лимоните
Ставете 250мл вода на тивок оган
Додадете ги ѓумбирот и лимонот во водата
Кога ќе почне да врие водата, процедете
Ставете го медот на тивок оган, но внимавајте да не врие.
Додадете ја течноста од ѓумбирот и лимонот во медот.