Дневна доза зелено здравје, омилената напивка на Др Оз

Само една чаша зелен сок дневно му помага на вашето здравје, бидејќи тој врши детоксикација на организмот и  целосно ги надополнува потребите  за калиум на телото. Ако следите некој диететски режим, овој пијалак ќе ви помогне за полесно чистење на телото и е одлична алтернатива за ужина.

Затоа не двоумете се кога следниот пат  ќе одите на пазар и задолжително одберете целер, краставици, кељ, зачини и јаболка.

Состојки:

  •  3 стебленца целер
  •  1 краставица
  •  2 листови од кељ
  •  ¼ стебла зачини
  •  1 лимон
  •  1 зелено јаболко

Подготовка :

Препорачливо е сите состојки да се органски и да се одгледувани без пестициди (особено целерот, кој е познат по тоа дека е многу третиран со хемикалии). Но, ако не можете да ги набавите сите состојки излупете ги, а целерот добро измијте го.

Сите  состојки иситнете ги во блендер или соковник. Ако  работите со блендер, добиената смеса може и дополнително да ја исцедите со цел да го  отстраните вишокот кашест сок.

Пружете му на своето тело зеленото здравје!