4 видови храна кои го намалуваат потењето

И покрај редовната хигиена и употребата на миризлива козметика нашето тело во текот на жешките летни денови премногу се поти.

И покрај тоа што о во борбата против непријатниот мирис најчесто бараме помош во козметиката,  подобри резултати ќе постигнете, ако ги промените вашите навики. Една од нив е исхраната. Откријте кои видови храна ќе ви помогнат да го намалите потењето.

1. Храна која е богата со влакна , како што се : бобинки, јаткасти плодови, лиснат зелен зеленчук и  цели житарки во текот на летото треба да сочинуваат 90 проценти од составот на дневните оброци.

2. Црвеното месо заменете го со риба, лосос и сардели бидејќи содржат големи количини на калциум, кој помага во намалување на потењето. Истиот ефект го имаат и портокалите и брокулата.

3. Ним е позната индиската билка која помага кај потењето, бидејќи е моќен антиоксиданс. Во една чаша топла вода, додадете малку прав од ним и  измешајте добро. Ако вкусот ви е горчлив, додадете малку мед и лимон. Чајот консумирајте го најмалку три пати на ден, а најважно е да се пие наутро на празен желудник.

4. Маслиновото масло  користете го како единствен додаток во салати и чорби. Тоа е богато со антиоксиданси и полесно се вари од другите растителни масла. Затоа, избегнувајте го маргаринот и сончогледовото масло во готвењето, на висока температура на вриење тие се претвораат во штетни материи кои телото ги исфрла во форма на токсини преку порите на кожата .