Највкусната диета со највкусниот зеленчук на светот. Ќе бидете постојано сити, а килограмите на вагата постојано ќе се намалуваат. Oдлична и здрава диета за експресно намалување на килограмите.
Важно: зеленчукот и овошјето не ги лупете и користете само интегрални видови на леб.
Во продолжение за ручекот имате избор од две салати со компир. Може да се одлучите само за еден предлог и да го конзумирате до крајот на диетата или да го менувате изборот секој ден.
ПОЈАДОК
1 парче црн тост
млечен намаз со помалку масти
2 домати или две краставици
ЗАКУСКА
свежи ротквици
РУЧЕК
Предлог бр 1 – Компир салата:
– 200гр сварени компири исечени на кругови + кепач
– 100гр домати исечени на кругови
– Салатата прелијте ја со 4 лажици супа измешана со лажица јаболков оцет,
малку сецкан лук, малку сол и бибер по вкус.
Предлог бр 2 – Чинија со компир:
200гр компири излупете ги и исечете на четвртини + кечап
2 млад кромид исечкан на кругови
1 лажица масло
Состојките испржете ги во тава и зачинете
ЗАКУСКА
1 рендано јаболко
150gr јогурт со мала масленост
засладувач по вкус
ВЕЧЕРА
200гр излупен компир сечен на кругови + кечап
1 лажиче масло
Компирот се пече во рерна околу 40 минути на 200 степени
во тавче чиј долен дел сте го обложиле со хартија за печење.