Дезинфицирајте го работниот простор за половина час!

Во овие денови хигиената во домот ни е приоритет, а што се случува со работниот простор?

Хигиената на работното место треба да биде на највисоко ниво, а со овие 3 едноставни чекори ќе се заштитите и вие и вашите колеги.

Чекор бр. 1

Во шише со прскалка ставете медицински алкохол или соодветно средство за дезинфекција кое содржи алкохол и пред да започнете со работа попрскајте го работното биро или работната површина. Задолжително внимавајте на електричните уреди кои исто така треба да ги пребришете, но со соодветни алкохолни марамчиња за уреди, а доколку немате на крпа или тоалетна хартија ставете алкохол и поминете ги внимателно.

Сите уреди на работната маса, канцелариските материјали како хефталка, чаша за пенкала поминете ги внимателно со прскалката.

Откако ќе ги поминете сите површини со средство или алкохол оставете 10 минути да делува средството и по потреба избришете со сува крпа.

Чекор бр. 2

Во овој период е многу важно да користите посебен канцелариски материјал и прибор со колегите. По можност направете поделба на канцеларискиот материјал и секој да има свој и тоа посебни пенкала, посебна хефталка доколку се користи или други мали уреди и материјали за работа. Едноставно поделете ги и секој ќе си работи со своите канцелариски материјали или алати за работа. Супер лесно и безбедно за сите колеги.

Чекор бр. 3

Не заборавајте на деталите. Многу брзо и многу лесно може да ги дезинфицирате и парчињата мебел кои ги допирате често и сите нешта во канцеларијата и работниот простор за 10 минути.

Во шише со прскалка повторно ставете медицински алкохол и поминете го столчето на кое седите, поточно рачките, закачалката за палта, кваките на вратите во канцелариите, работниот простор и тоалетите. Исто така по посетата на тоалет пред и потоа попрскајте ја тоалетната школка, казанчето и  чешмата и оставете да делува алкохолот или средството.

Важно: Секогаш гледајте да користите средство кое содржи алкохол и е соодветно за повеќе видови површини. Исто така медицинскиот алкохол со поголема јачина е најсоодветен и најлесен начин за дезинфекција на поголемиот дел површини.

За само половина час и со една обична прскалка полна со соодветно средство или алкохол ќе дезинфицирате значаен дел од вашата канцеларија и работен простор, а притоа ќе се заштитите и вие и вашите колеги во овој период.

Здравјето е најважно! Бидете внимателни!