Дали знаеш дека погрешното планирање на одморот го зголемува стресот?

Сите знаеме дека работата е стресна, и затоа ни е потребно време да се дистанцираме и да се одмориме, но дали знаеш дека и годишниот одмор може да ти предизвика голем стрес?

И на топ листата на стресни одмори, први се оние на родителите со мали деца.

Најчестата причина за зголемување на стресот се преголемите очекувања. И обично кога нештата не се одвиваат според предвидениот план нивото на кортизол расте.

Еве неколку корисни совети за намалување на стресот кои ќе ти го направат одморот многу попријатен:

Намали си ги очекувањата

Сите ние имаме големи очекувања во врска со долгоочекуваниот одмор. Но, експертите велат дека за наше добро е да бидеме пореални и да си ги намалиме очекувањата.

Очекувањата можат да предизвикаат повеќе стрес и напнатост, и да стават непотребен притисок врз сите инволвирани, но реално нема потреба за премногу стрес, туку доволно е да сме благодарни што не сме на работа и што имаме можност да се одмориме и релаксираме. Затоа, најдобро е да се опуштиме и да оставиме работите да си течат сами, а ние да се обидеме да пронајдеме по нешто убаво во секој момент.

Не прави премногу натрупани распореди

Правењето на натрупани распореди за време на отсуствувањето од работа, може само да те направи поизморен и под поглем стрес во споредба кога воопшто не би планирал нешто. Затоа најдобро е да воспоставиш баланс, и да им дадеш предност на смирувачките и пријатни  активности, наспроти планирањето на милион посети на роднини и пријатели одеднаш.

Запомни дека има живот и по одморот и ќе има и прилики за дружење и потоа, и затоа навистина нема потреба да си го пребукираш распоредот со активности, освен ако на крајот од твојот одмор сакаш да си преуморен и исцрпен.

Во ред е и да ги правиш работите побавно од обично, и иако активностите за повеќето од нас се забавни, понекогаш е во ред и едноставно да си поседиш дома и убаво да се одмориш.

Биди отворен за промена на плановите

Плановите никогаш не се врежани во камен и затоа така и треба да гледаме на нив. И за помалку стрес убаво е понекогаш да се има и резервен план, односно повеќе опции во умот во случај кога се не би се одвивало како што е планирано.

Биди пофлексибилен в врска со договореното, па дури и да немаш резервен план кој си го подготвил однапред, запомни дека целта на твојот одмор е да се опуштиш и одмориш, а не да го освоиш светот или да завршиш некоја екстремно важна мисија. 

Одморите се за да уживаш во нив, и затоа уживај, остани смирен, остави спонтано да течат некои работи и што и да правиш немој да се потресуваш непотребно!

А во меѓувреме, напиј се Dr. Viton Magnezan B6 и увери го телото и мозокот дека се е возможно. Здружени, минералот и витаминот ќе поттикнат нормален енергетски метаболизам, електролитен баланс и нормална психолошка функција и синтеза на протеините.

Заморот и исцрпеноста ќе станат минато, затоа пијте го пред, во текот и после годишниот одмор.

Само со Dr. Viton Magnezan B6 ќе уживате во годишниот одмор во секоја смисла на зборот!

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)