Ако се соочуваш со стресен и тежок период во животот и ти е потребна помош, знај дека есенцијалните масла би можеле да ти помогнат!
Овие масла се користеле уште од многу дамнешно време и всушност можат да бидат и моќна алатка за справување со стресот, како и за одржување на добро физичко, емоционално, ментално здравје и благосостојба.
Има многу вакви масла и секое од нив е уникатно и нуди специфични придобивки, но кога станува збор за намалување на стресот и постигнување на мир и релаксација, нашиот прв избор е токму едно од најомилените масла на сите времиња – маслото од лаванда!
Маслото од лаванда се добива од цветовите на волшебната Lavandula angustifolia, која најмногу вирее во медитеранските земји, но може да се сретне и насекаде во светот.
Расте во форма на декоративна грмушка чии цветови имаат прекрасна сино-виолетова боја и лесно препознатлив сладникав мирис.
Маслото од лаванда е лесно достапно, бидејќи може да се набави речиси од секоја аптека, продавница за здрава храна, па дури и голем супермаркет, но треба да се има предвид дека честопати подобриот квалитет си носи и повисока цена.
Според многуте експерти кои се занимаваат со менаџирање на стресот, маслото од лаванда е дефинитивно најдобриот избор за сите оние кои страдаат од анксиозност и прекумерен стрес, а неговото дејство е и научно докажано.
На пример, во 2012-тата година со студија било докажано дека вдишувањето на мирисот од ова масло довело до намалување на крвниот притисок и пулсот и до зголемување на алфа-брановите во мозокот кои се во тесна врска со чувството на смиреност и отсуство на стрес.
Учесниците кои биле дел од оваа студија, изјавиле дека по употребата на маслото се чувствувале многу посвежо и поопуштено, а забележале и намалување на нивото на анксиозност.
Интересна е и студијата која покажала дека смирувачкото дејство на маслото од лаванда може да се спореди и со конвенционален лек.
Поточно, во времетраење од 6 недели, на една група од учесниците им бил даван лек за смирување и против анксиозност – лоразепам, а на другата масло од лаванда.
На крајот од студијата и двете групи покажале речиси идентични резултати, односно забележано било соодветно намалување во нивото на анксиозност од 45 % до 46 %.
И тоа не е се! Маслото од лаванда се покажало ефикасно и при проблемите со заспивањето и квалитетот на сонот.
Затоа, доколку цела ноќ се превртуваш навака-натака и имаш проблеми со сонот, пробај го ова масло и конечно одмори се.
Маслото од лаванда има и други примени, како што го смирува умот, така може да ја смири кожата од различни иритации, убоди од инсекти, па се до сериозни состојби како егзема и псоријаза.
Сега кога знаеш за лековитата моќ на ова масло, еве еден начин на кој би можел да го употребуваш:
Прво, неопходно е да го разблажиш маслото со додавање во т.н масло носач како што е маслото од сладок бадем, јојоба, маслинка или кокос.
Најчесто за таа цел, се ставаат 12 капки од маслото во 30 мл од маслото носач.
Потоа, од разблаженото масло накапи неколку капки на чисти дланки и доближи ги до носот, вдиши неколку пати и ќе видиш дека ќе се случи чудо. Веднаш ќе почнеш да се чувствуваш поопуштено!
Едно предупредување на крајот кое важи за сите етерични масла, никогаш немој да ги користиш неразблажени затоа што можат да ја иритираат кожата или со тек на време да те направат пречувствителен на нив.
Опуштањето на целиот организам подеднакво успешно ќе го изведете со суплементот Dr. Viton Magnezan B6. Магнезиумот е клучен минерал за организмот кој воспоставува баланс во функционирањето на нервниот, кадриоваскуларниот и мускулниот систем. Комбиниран со витаминот Б6 тој успева да стаса до секоја клетка, бидејќи витаминот ја зголемува неговата апсорпција за 40 %.
Dr. Viton Magnezan B6 е вашата прва помош при услови на стрес, напнатост, нервоза, па дури и анксиозност и блага форма на депресија. И минералот и витаминот го штитат мозокот и срцето, но и сите клетки од стрес, бидејќи успеваат да го контролираат лачењето на стрес хормонот кортизол.
Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!
Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6
Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)