Ако не се брзате со намалувањето на тежината и не треба да изгубите премногу килограми – веројатно не морате да се мачите со диетата секој ден!
Доколку не ви се допаѓаат класичните диети,може ќе ве инспирира идејата на Жаклин Вајдарт, авторка на книгата „5:2 Рецепти за диета“.
Жаклин изгуби повеќе од 6 кг откако почна да ги следи сопствените совети, а потоа одлучи да објави книга која може да ве одведе до тенка линија без премногу мака.
Следејќи ја мантра 5:2 диета, Жаклин вели дека е доволно само два дена во неделата да го следете специјалниот режим на исхрана .
Во интервју за британскиот магазин, таа зборуваше за тоа на кој начин и колку време губеше тежината.
Колку брзо ќе ги забележите резултати откако ќе започнете со диетата?
Многу наскоро! Во првата недела загубив 2 килограми, а потоа го одржував темпото губејќи околу 0,5 килограми неделно следните месеци.
Колку изгубивте на тежина и за колку време?
Изгубив 6 килограми за 3 месеци.
Дали веднаш ќе ја повратите тежината, ако престанете со режимот?
Се уште ја одржувам диетата, но тоа сега е еден ден во неделата, што значи можете да ја одржите вашата идеална тежина. Мислам дека ако направам пауза во диетата може да се здебелам 2-3 килограми, но исто така можам многу брзо и да ги изгубам.
Како да се справувате со заморот во текот на денот кога гладувате и не внесувате доволно калории?
Нормално е дека често се чувствувам гладна кога доаѓа денот на диетата, но не трпам никакви несакани ефекти, понекогаш може да бидам само нервозна. Јас не чувствувам замор во текот на овој период, туку напротив, само протокот на енергија.
Зошто ќе ја препорачате оваа диета?
Мислам дека е сосема различна од другите диети, важно е да внимавате на калориите само два пати неделно, и ќе постигнете резултати.