Одговорот е да, алкохолот и цигарите го зголемуваат ризикот од дијабетес тип 2.
Додека истражувањата покажале дека пиењето на умерени количини на алкохол можат и да го намалат ризикот од дијабетес, пиењето на големи количини го зголемува ризикот. Тешката злоупотреба на алкохолот може да предизвика хронично воспаление на панкреасот (pancreatitis) кое ја уништува функцијата на панкреасот а тоа е лачењето на инсулин и кое доведува до дијабетес.
Цигарите се подеднакво штетни. Употребата на цигари може да го зголеми нивото на шеќер во крвта и да доведе до резинстенција на инсулин. И колку повеќе пушите, толку е поголем ризикот. Оние кои пушат повеќе од 20 цигари на ден – го дуплираат ризикот за развој на дијабетес за разлика од непушачите.