Иако главно се врзува за имунитетот, минералот цинк има повеќекратна улога во организмот на човекот. Често се комбинира со други витамини. Низ различни истражувања откриена е важноста на цинкот кај многу болести, а неговиот недостаток може да го попречи основното функционирање на организмот.
ШТО Е ЦИНК?
Цинкот е минерал во траги кој е потребен на организмот и учествува во бројни процеси и функции. Конститутивна состојка е на инсулинот, половите хормни и хормонот на раст, како и на многу ензими. Се наоѓа во коските и мускулите, простата, црниот дроб, еритроцитите и леукоцитите. Неопходен е за синтеза на протеините, создавањето на колаген и коските. Задолжен е и за осетот за вкус и мирис и е неопходен за одржување на кисело-базна рамнотежа во организмот и за спречување на алергиски реакции и кожни болести како псоријаза.
УЛОГАТА НА ЦИНКОТ ВО ОРГАНИЗМОТ
Ова се најважните функции на цинкот во организмот:
- Ја стимулира имунолошката функција на организмот и штити од алергии
- Го скратува времето на траење на вирусните инфекции
- Ја подобрува функцијата на мозокот
- Важен е за растот и здравјето на репродуктивните органи кај мажите и жените
- Го штити црниот дроб од токсини и алкохол
- Поттикнува зараснување на раните
- Важен е за здравјето на кожата, коските и ноктите
- Горегулира излачувањето на лојните жлезди и спречува појава на акни
- Потребен е за раст и развој на нови клетки во организмот
- Учествува во создавање на коските
КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ ДЕКА ТЕЛОТО ИМА НЕДОСТАТОК НА ЦИНК
Недостатокот на цинк во организмот пред се се манифестира со губење на осетот за мирис и вкус.
Кожата со неправилности, особено масната кожа сколна на акни, како и тенките и слаби нокти се предупредувачки знаци за недостаток на цинк и треба да се провери неговото ниво во организмот
Други можни проблеми поврзани со недоволната количина на цинк во организмот се:
- Замор
- Слаб имунитет
- Склоност кон инфекции, грип и настинка, херпес
- Побавно опоравување од разни болести
- Проблеми со простатата
- Кожни болести
Цинкот е еден од најзначајните минерали за нашето тело кој во организмот се наоѓа во многу мали количини, но без оглед на тоа, многу е важен за нормално функционирање на организмот и неговиот недостаток може да предизвика бројни последици. Поголемиот процент на цинк се маожа во мозокот, мускулите, коските, бубрезите, црниот дроб, простатата и во очите.
МОЌЕН СОЈУЗНИК НА ИМУНИТЕТОТ
Одржувањето на имунитетот е само еден од бројните позитивни ефекти на цинкот кој учествува во активноста на над 300 ензими, супстанци кои овозможуваат биохемиски процеси во организмот. Така што цинкот, во комбинација со витамин Ц и Д е многу моќен сојузник во борба против настинки и грип.
Имено, цинкот влијае на создавање и активирање на Т-лимфоцитите, бели крвни зрнца кои се важни во борбата против инфекциите. Кога ќе се направи суплементација со цинк кај лице со ниско ниво на овој минерал, бројот на Т-лимфицити во крвта расте, исто како и способноста за справување и совладување на инфекциите. Досегашите резултати од бројните студии за овој минерал, покажуваат дека внесот на дополнителна количина цинк може да го скуси траењето и тежината на настинките.
Dr.Viton Zinc Direct – Vitamin C + Vitamin D3 можете да го нарачате онлајн
https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-cink-c-d/
Dr.Viton Zinc Direct – Vitamin C + Vitamin D3 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)