Која висина на чевли е идеална за здравјето на секоја жена ?

За многу жени  чевлите со висока пета претставуваат најголема љубов. Некои ги носат дури и ако нивните нозе “им отпаднат до утрото” за да излезат за  викендите. Едвај ја преминуваат улицата, нозете им се извртуваат во сите правци, метрото станува километар, а ниту стоењето не е наједноставно.

Покрај нашата тежина,  нозете во висока пета мораат да ја  издржат и физичката сила! Масните перничиња, мускулите, лигаментите и тетивите мораат да го контролираат големото дневно оптоварување. Пресметано е дека за еден ден човекот пренесува околу 30 до 40 тони. Ви ја претставуваме уникатната формула која ќе ви овозможи да ја пресметате висината на петата која е совршена за вашето тело, бидејќи носи најмалку штета .

Број на стапалото поделете го со 10, а на резултатот додадете уште 0,55 сантиметри и ќе ја добиете идеалната висина на потпетиците. Според оваа формула, таа никогаш не надминува 5 сантиметри!