Како да одолеете на искушението на вкусна торта, кога треба да јадете нешто здраво и ниско калорично? Француските истражувачи нудат одговор!
Така, експертите открија трик: пред да одлучите што ќе јадете, уживајте во “овошните мириси” – бидејќи така веројатноста дека ќе изберете здрава храна е поголема. Особено кога станува збор за десертот.
Мирисите влијаат на нашиот апетит
Француските психолози тврдат дека нивното откритие нагласува до кој степен мирисите влијаат на нашиот избор на храна, бидејќи испитаниците во никој случај не знаеле дека биле намерно изложени на овошните мириси. Тие избраа 115 субјекти на возраст меѓу 18 и 50 години и ги поделија во две групи. Им било кажано дека експертите ја проучуваат комуникацијата за време на оброците, а не изборот на храна, во зависност од мирисот.
Половина од испитаниците чекаше во просторијата каде пред тие да влезат беше испрскан мирис на свежи круши, додека другите учесници чекаа во просторија без посебен мирис.
По 15 минути, испитаниците веќе влегоа во друга просторија, каде избраа три јадења од шведска маса. За секое јадење тие имаа избор : јадење со овошје или зеленчук или јадење без ниедно од нив. Така, можеа да изберат помеѓу чинија со ладни нарезоци или изрендан морков за предјадење, тестенина „болоњезе“ или лосос со ориз од зелен зеленчук за главно јадење и чоколадно колаче или компот од јаболки за десерт.
Додека мирисот на крушата не влијаеше премногу на изборот на предјадење и главно јадење, утврдена е важна разлика кај изборот на десерт. Три од четирите лица кои не биле изложени на мирисот на крушата, избрале чоколаден десерт, во споредба со помалку од половината од испитаниците од групата кои го почувствувале мирисот на крушата.
Со оваа студија прв пат е покажано дека несвесно перципираниот овошен мирис може да влијае на изборот на храна и да доведе до „поовошни“ десерти, објасниле француските експерти.