Брза погача без квасец

Во овие денови дома поминати со семејството ви препорачуваме да ја подготвите оваа супер брза погача. Оваа погача може и да ја комбинирате со најразлични јадење, а и сама по себе е многу вкусна, а притоа не ви треба квасец.

Потребни состојки:

– 2 јајца
– 2 кесички прашак за пециво
– 2 шолји јогурт (шолји за млеко)
– 4 шолји брашно (шолји за млеко)
– 2 шолји масло за јадење (шолји за кафе)
– сол по вкус

Интересното кај овој рецепт е тоа мерењето е едноставно, не се потребни точни мерици туку само една шолја за млеко со која го мерите брашното и јогуртот и една шолја за кафе која го мери зејтинот. Многу едноставно!

Во еден сад ги мешате сите состојки додека не добиете хомогена смеса, а исто така може да додатете по желба и сувомеснат производ или сирење, но сецкани на ситни коцки или само магданос, а може и разни семиња секако по желба.

Зема соодветна сад за печење кој претходно убаво ќе ја премачкате со масло за јадење и поросите со малку брашно. Истурете ја смесата во садот и во топла релна подгответе го за печење.

Печете така што повремено ќе проверувате дали е убаво испечено тестото со дрвено стапче за храна.

Уживање за целото семејство!