Бремена сум! Што морам да пијам за да ми биде здраво бебето?

Бремена си, на радоста и нема крај. Но, кусо е времето додека не почнат познати, па дури и странци на улица, да ти делат разноразни совети . Од тоа што треба да јадеш и пиеш, до тоа што можеш да очекуваш од бременоста и породувањето или кои суплементи да ги купиш, а кои никако не смееш да ги пиеш. Секоја идна мајка сака да знае се за да го обезбеди најдоброто за своето дете, бременост и породување. Од друга страна, бременоста е период во кој организмот на жената минува низ бројни промени и тогаш нејзиниот нутритивен статус е исклучително важен. Во период на бременоста и доењето, потребите за витамини и минерали дополнително се менуваат оти метаболичките процеси се регулирани од хормоните за нутриентите да

Наспроти народните приказни и верувања, науката е конкретна. Еден од двата најважни додатоци во исхраната за време на бременоста, и по породувањето е холинот.

Холинот е микронутриент кој е важен за здрав развој на бебето во стомакот, но и за развојот на мозокот на доенчињата. Истражувањата покажале дека потребата за холин во бременоста измесува 450мг дневно, додека кај доилките е 550мг.

Бројни студии утврдиле дека холинот е неопходен во текот на феталниот развој, но голем процент трудници немаат соодветен внес. Холинот се смета за хранлива состојка која влијае на развојот на мозокот кај фетусот и оптималниот внес на холин за време на бременоста:

  • Обезбедува правилна структура и работа на мозокот
  • Може да го подобри помнењето
  • Спречува вродени недостатоци и ментални болести

Во клииничко испитување со 26 трудници, удвоениот внес на холин во третото тромесечје од бременоста ( 930мг/ден), значајно ја подобрило когницијата кај доенчињата.

Според опсервациска студија кај 900 мајки, зголемениот внес на холин во второто тромесечје може да го подобри визуелното помнење кај децата.

Холинот во доза од 500мг во Dr.Viton – Choline превенира можност детето да се роди со малформации на невралната туба, влијае на развојот на нервниот систем и ги ублажува воспаленијата.

ДЕФЕКТИ НА НЕВРАЛНАТА ЦЕВКА (ТУБА)

Дефектите на невралната цевка се сериозни вродени недостатоци кои се јавуваат кога невралната туба не успева целосно да се затвори за време на развој на ембрионот. Холинот во овој случај, како и фолната киселина, игра витална улога. Холинот го поддржува феталниот развој на ‘рбетниот мозок, што помага во спречување на оштетувања на невралната туба и други аномалии.

Во испитување на над 180.000 испитанички, мајките кои имале најмал внес на холин имале 2,4 пати поголема стапка на дефекти на невралата туба. Ефектот бил независен од внесувањето на фолна киселина во бременоста.

Под дефекти на невралната цевка се подразбира спина бифида, аненцефалија и енцефалокела.

Испитување во САД покажало дека нискиот внес на холин во текот на бременоста може да го зголеми ризикот од дефекти на невралната туба и да доведе до намалување на функциите на мозокот кај фетусот.

Нарачај веднаш на телефонскиот број (02) 3218-821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

или нарачајте онлајн:

https://alfalab.mk/proizvodi/choline/

(Достава до домашна адреса со брза пошта)

Dr. Viton – Choline капсулите можеш да ги набавиш во Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, како и дрогериите на dm и во сите подобро снабдени аптеки.