Дали и ти си од оние кои не пијат витамини во лето, бидејќи за тебе болестите одат рака под рака со студот? Тоа што не мора да носиш џемпер, не значи дека не можеш да настинеш или да закачиш некој стомачен вирус.
Всушност, вистината е дека сите ние имаме потреба од различни витамини, минерали и останати хранливи додатоци. Но, вистина е и дека нашите потреби, помалку или повеќе, ги диктираат годишните времиња.
На пример, во лето треба да се бориш со УВ радијација и загадување (иако никој не го споменува) кои се негативно настроени на секоја можна клетка во твоето тело. А како најдобро ќе се избориш против овие две? Консумирајќи бета каротен!
Зошто бета каротенот е особено пожелен во лето?
За да те заштити од болести
Покрај тоа што служи како диететски извор на провитамин А, бета каротенот функционира и како антиоксидант.
Антиоксидантите се компоненти кои ги неутрализираат нестабилните молекули наречени слободни радикали. Кога слободните радикали ќе се намножат, во организмот настапува дебаланс, а пак тоа води до клеточно и ткивно оштетување познато како оксидативен стрес.
Оксидативниот стрес е причина за безброј заболувања, но и хронични состојби како рак, болести на срцето, когнитивни болести како Алцхајмер. Постојат и студии кои сугерираат дека луѓето кои консумираат бета каротен најмалку 4 пати во денот (преку овошје, зеленчук или суплемент) имаат помал ризик да заболат од рак или срце.
Заклучок: Бета каротенот е неопходен за да ги заштити клектите од оксидативниот стрес поттикнат од зголемената УВ радијација.
За да ти ја заштити кожата
Бета каротенот го спречува предвременото страеење на кожата од причина што делува како антиоксидант и ги намалува оксидативните штети поттикнати од УВ зраци, загадување и други надворешни загадувачи како пушењето. И студијата од 2012-та откри дека бета каротенот ја штити кожата од УВ радијација задржувајќи го нејзиниот здрав изглед.
Соодветните дози бета каротен буквално ја будат убавината на кожата, ја прават посјајна, посвежа и поубава. Ако го консумирате пред да појдете на одмор, бета каротенот ќе ја направи кожата помалку чувствителна на сонце, па дури и кремот за сончање ќе го направи поефикасен. Статистиките велат дека 90 до 180 грама бета каротен се доволни за да не ви се случи кожата да ви изгори од сонцето, туку да ви потемне сосем природно и привлечно. Експертите велат дека токму оваа доза обезбедува СПФ 4.
Бета каротенот делува и врз посериозните појави на кожата како скелодрема – нарушување на сврзното ткиво кое се манифестира со зацврстена, стврдната и затегната кожа. Оваа појава е директна последица на ниското ниво на бета каротен во крвта, но и временските неприлики.
Бета каротенот е ефикасен и за третман на низа состојби со кожата, како сува кожа, егзема и псоријаза. Витаминот А, како моќен антиоксидант, е вклучен во зараснувањето на телесните ткива како лезии на кожата, исекотини, рани, но служи и како превентивен штит.
Заклучок: Бета каротенот ја штити кожата од предвремено стареење и од сите сончеви штити вклучувајќи ги и изгорениците од сонце. Најдобро е да почнете да го пиете пред одмор, иако, има моќ да репарира и веќе настанати штети.
Зошто ти треба бета каротен и во останатите месеци од годината?
За да ти ја одржи мозочната функција
Мажите кои консумирале бета каротен во облик на суплемент повеќе од 15 години, имаат помали шанси да се соочат со когнитивни падови или пад на меморијата, тврди истражувањето на Harvard Medical School.
Оксидативниот стрес е повторно водечка причина и за оваа состојба велат истражувачите. Студиите покажаа дека антиоксидатните во облик на додаток несомнено го одржуваат когнитивниот капацитет на човекот.
Студијата во која биле вклучени 4.052 мажи, цели 18 години ги споредувала мажите пиеле бета каротен во облик на суплемент и оние кои пиеле плацебо. Било заклучено дека на краток рок, испитаниците не покажале никакви разлики во однос на когнитивните капацитети, но на долг рок било повеќе од јасно дека бета каротенот направил сериозна разлика.
За да ти ги заштити белите дробови
Извештајот на BMJ, објавен во март 2006-тата, покажа дека високите нивоа на бета каротен во крвта ги компензираат штетите на белите дробови предизвикани од слободните радикали.
Во студијата во која учествувале 535 учесници, им бела направена спирометрија (количеството на воздух што можат да го вдишат и издишат) и плус испитување на нивото на бета каротен во крвта. Било откриено дека оние со високо ниво на бета каротен имаат подобар белодробен капацитет.
Друга студија од 2017-та во која биле вклучени повеќе од 2.500 луѓе, покажа дека бета каротенот и останатите каротеноиди имаат превентивна функција од рак на бели дробови.
За да ти ги заштити очите
Бета каротенот го подобрува здравјето на очите и штити од очни болести како оние врзани со годините како макуларна дегенерација – болест која води и до загуба на видот.
Истражувањата покажуваат дека високото ниво на бета каротен во крвта го редуцира ризикот од развој на макуларната болест за цели 35 %.
Плус, студиите покажуваат дека бета каротенот може да биде ефикасен и во намалување на ризикот од макуларна болест кај оние што пушат.
Сега кога веќе научи дека бета каротенот и тоа како ти е потребен, останува да почнеш да пиеш San Sebastian Spirulina. Не чуди се, спирулината на San Sebastian е најбогатиот извор на овој антиоксидант – содржи дури 39 пати повеќе бета каротен од морковите, а 80 пати повеќе од кајсиите.
Кога на сето ова ќе ги додадеме сите останати бенефити на спирулината – не постои нешто за кое не помага – излегува дека San Sebastian Spirulina е додаток кој одговара за секоја сезона. И докторот ќе ти потврди – San Sebastian Spirulina е правиот избор.
Spirulina San Sebastian може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети… во дрогериите на ДМ-дрогерии, Cosmo – Тинекс и во сите подобро снабдени аптеки.
Или нарачајте ONLINE со кликнување на копчетo КУПИ ВЕДНАШ
Повелете со нарачка на 02 3218 821