Сок кој ја уништува Кандидата

Народната медицина и нутриционизмот препорачуваат употреба на ориблети со прочистен прополис во комбинација со неколку лековити растенија. Во лабораториски услови е докажано дека прочистениот прополис ја уништува кандида албиканс за само осум секунди.

За борба против габичните инфекции се препорачува земање витамин Ц, најмалку трипати дневно по 1 г секогаш во комбинација со лиофилизиран матичен млеч. Се препорачува и секојдневна употреба на лукот, витамини од Б-групата како и есенцијални масни киселини од незагреано ленено масло.

Помага и редовно пиење свежо исцедени сокови од зеленчук пред секое јадење. Од исхраната освен шеќерите треба да се отстранат и ферментирани газирани напитоци. Исхраната треба да биде според крвните групи. За да се заштитат жените од габичните инфекции, освен хигиена треба да ги избегнуваат стресните ситуации и да носат памучна долна облека, а не треба да носат тесна облека.

super-3-kandida

Свежи сокови против неврози, невралгии и кандида:

  •  Потребни состојки: 280 г моркови, 170 г спанаќ. Исцедете го зеленчукот. Сокот се пие по еден филџан, три пати дневно пред јадење.
  •  Смеса од 255 г сок од моркови и 200 г сок од целер. Се пие по еден филџан, три пати дневно пред јадење.
  •  Смеса од 200 г сок од моркови, 110 г сок од целер, 60 г сок од магдонос и 90 г сок од спанаќ. Се пие по еден филџан, 3 пати дневно пред јадење.

prodazni-mesta-nature-essential1