Време е за „големо спремање“ на организмот!
Направете нешто добро за своето тело и спроведете ја детоксикацијата која за само една недела ќе ве врати во топ форма. Како изгледа оваа програма ќе ви објасни нутриционистот Бранка Мирковиќ!
Зимските месеци исполнети со прослави, силна и калорична храна сигурно оставиле трага на вашето тело – некој килограм вишок, уморен изглед на кожата, целулит … Дури и ако не сте “грешеле” премногу кога станува збор за храната, детоксикација добро ќе ви дојде за чистење на телото и да го “разбудите” метаболизмот од зимски сон.
За разлика од диетите, кои секогаш сте ги почнувале во понеделник, овој план на детоксикација започнете го во сабота. Така ќе ви биде полесно и поедноставно да се организирате, особено ако имате слободни викенди. Без стрес и брзање можете да се посветите на организирање на целата недела на детоксикација и да се релаксирате, што е исто така многу важно за овој режим.
Спремете хартија и пенкало. Во сабота веднаш по будењето измерете ја тежината, а со сантиметар ширината на градите, половината, колковите, бутовите, листовите и надлактицата. Истите забележете ги. Не е лошо да пробате нешто од минатогодишната гардероба и добро погледнете се во огледало. Фактите се тука и сега треба одлучно и дисциплинирано да се “поправи” ситуацијата.
Детоксикација е чистење на телото, но не треба да гладувате. Храната мора да биде поделена во 4 до 5 делови, кои се земаат во период од 9 до 18 часот. После тоа можете да внесувате само течност, поточно вода или чаеви.
Дневно треба да се испие околу 2,5 литри течност, распоредени во текот на денот.
По третиот ден, ќе почувствувате повеќе енергија и поголема концентрација. Неопходно е секојдневно да се релаксирате во топла бања со етерични масла и тријте ја кожата со груба крпа или ракавица, бидејќи детоксикацијата ќе влијае на кожата. После тоа намачкајте ја кожата со хидратантна крема или масло за бебиња.
Ова е предлог за мени за седумдневна детоксикација. Во случај да се чувствувате гладни, изедете уште едно варено јајце или чорба од зеленчук.
САБОТА – ЦРВЕН ДЕН
09:00 – Појадок : чаша од 3 дл сок од домати
11:00 – Ужина : една црвена јаболко
13,00 – Ручек : 250 грама салата од домати, 150 грама сирење (5-10% млечни масти), 2 кафени лажици маслиново масло, малку морска сол, оригано, босилок и рукола
16,00 – Ужина : 3 суви сливи
18,00 – Вечера : 150 грама лосос на скара, 2-3 варени моркови и 2 кафени лажици маслиново масло
НЕДЕЛА – ЗЕЛЕН ДЕН
09,00 – Појадок : 300 грама киви или чаша сок од свежо киви
11,00 – Ужина : зелен салата прелиена со лимонов сок, две кафени лажици маслиново масло и пет маслинки
13,00 – Ручек : 150 грама бело пилешко или мисиркино месо на скара и шолја варен спанаќ со две кафени лажици маслиново масло
16,00 – Ужина : пет бадеми
18,00 – Вечера : 400 грама варена брокула со 2 дл јогурт
ПОНЕДЕЛНИК – ПОРТОКАЛОВ ДЕН
09,00 – Појадок : 3 дл сок од моркови и портокали
11,00 – Ужина : 2 портокали
13,00 – Ручек : 2 варени јајца и 3 свежо рендани моркови со сок од лимон и 2 лажички маслиново масло
16,00 – Ужина : 4 суви кајсии
18,00 – Вечера : 300 грама печени семки од тиква или една чинија супа од тиква со 2 лажички маслиново масло.
ВТОРНИК- ВИОЛЕТОВ ДЕН
09,00 – Појадок : 250 грама замрзнати боровинки или 2 дл природен сок од боровинки без додаден шеќер
11,00 – Ужина : 5 суви сливи
13,00 – Ручек : 300 грама варено цвекло со 2 лажички маслиново масло и една мала конзерва туна во саламура
16,00 – Ужина : 25 грама лешници
18,00 – Вечера : 1 печен модар патлиџан со 100 грама сирење максимум до 10% масти
СРЕДА – ЖОЛТ ДЕН
09,00 – Појадок : 300 грама ананас или сок од свежо исцеден ананас
11,00 – Ужина : 2 дл јогурт или 1 едно кисело млеко со мал процент на млечна маст
13,00 – Ручек : 150 грама печени на скара бело месо и жолта пиперка.
16,00 – Ужина : 30 грама суво грозје (бело)
18,00 – Вечера : 250 грама варена пченка
ЧЕТВРТОК – ОВОШЕН ДЕН
09,00 – Појадок : 3 дл сок од различно овошје по избор
11,00 – Ужина : 1 портокал
13,00 – Ручек : 2 банани
16,00 – Ужина : 30 грама јаткасто овошје по ваш избор
18,00 – Вечера : 100 грама суво овошје по ваш избор
ПЕТОК – ДЕН НА ЗЕЛЕНЧУК
09,00 – Појадок : 3 дл исцеден сок од зеленчук – на пример,може да биде на база на морков, целер, цвекло … Можете да купите и природно исцеден сок без додаден шеќер или конзерванси
11,00 – Ужина : куп ротквици.
13,00 – Ручек : 350 грама свеж зеленчук – како што се зелената салата, домати, краставица, зелена пиперка … Додадете малку сок од лимон, 2 лажички маслиново масло и шолја со варен спанаќ.
16,00 – Ужина : 300 грама рендана зелка како салата или само грицкајте парчиња
18,00 – Вечера : чорба од зеленчук. Ќе биде најдобро да ја направите од една брокула, моркови, карфиол и сето тоа да го зачините со некој органски сув зачин и 2 лажички маслиново масло.