Дермалните филери се супстанции што се инјектираат непосредно под површината на кожата за да се направи корекција на одредени линии, брчки или лузни на кожата, преку нивно пополнување. Дермалните филери се користат и за зголемување на волуменот на усните
Со текот на годините, кожата го губи својот волумен и постепено го менува својот изглед. Во природниот процес на стареење настануваат промени на колагенот, поради што на кожата се појавуваат фини линии и брчки. Овие промени на еден начин може хируршки да се коригираат со лифтинг, кој е финансиски скап, хируршки, инвазивен и ризичен метод.
Од друга страна, дермалните филери се минимално инвазивна процедура без потребно време на закрепнување, финансиски исплатлива и од неа има минимални ризици. Денешниот тренд насочен кон полето на убавината на лицето ја користи токму оваа процедура на инјектирање дермален филер, кој нуди веднаш видливи, природни, долготрајни резултати.
ШТО СЕ ДЕРМАЛНИ ФИЛЕРИ ?
Дермалните филери се супстанции што се инјектираат непосредно под површината на кожата за да се направи корекција на одредени линии, брчки или лузни, преку нивно пополнување. Освен за ваков тип корекција, дермалните филери се користат и за зголемување на волуменот на усните, со што се враќаат нивната првобитна оптегнатост и свежина и се зголемува нивната компактност.
Комбинација од различни филери се користи за постигнување подобри резултати, поради што дерматологот соодветно на вашите желби ќе ви понуди специфичен третман, кој за секој клиент е индивидуален.
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА УСНИТЕ
Усните може да се коригираат на повеќе начини, може да се констурира горната линија на усните, со што се постигнува лесно подигање на усните и дефинирање на контурите. Тоа се прави со дермални филери во облик на густ гел.
За добивање волумен и зголемување на усните се користи специјална формулација на хијалуронски филери, кои имаат доволна концентрација на хијалурон и се подготвени во потечен облик, со што се лесни за апликација и не прават грутки, а усните изгледаат сочно и природно.
Доколку се решите за ваков вид корекција, практикувајте стручниот совет и задолжително аплицирањето на дермалните филери да биде спроведено од страна на стручно, обучено лице, со што ризикот од несакани ефекти се сведува на минимум.
Д-р Анета Кокалеска
Спец. дерматолог
Дерматолошко естетска ординација „Д-р Анчевски“
Закажете третман: 02 / 321 66 08