Храна со термогеничен ефект која ги топи килограмите без диета

Одредени видови храна имаат силен термогеничен ефект, така што буквално ги согорувате калориите додека ја џвакате оваа храна. Вашето тело согорува двојно повеќе калории додека ги вари целите зрна (особено оние богати со растителни влакна, како што се овесот или кафеавиот ориз), отколку преработената храна.

Бело месо

Протеините имаат висок термогеничен ефект : согорувате околу 30 проценти од калориите што храната ги содржи во текот на варењето на храната (така во текот на варењето на бели пилешки гради со 300 калории ќе потрошите 90 калории  )

Млечни производи со намалени маснотии

Богати со калциум и витамин Д, помагаат во зачувување и градење на мускулната маса – од суштинско значење за одржување на силниот метаболизам .

Зелен чај

Пиењето на четири чаши зелен чај дневно им помогна на луѓето да се ослободат  повеќе од 3 килограми за време од осум недели, според извештаите од американските весници од клиниката за човечка исхрана.

Леќа

Една шолја леќа содржи 35 проценти од потребната дневна доза на железо – добра вест, бидејќи  речиси 20% од луѓето се анемични. Кога ви недостасува оваа хранлива состојка, вашиот метаболизам се забавува, затоа што телото не го добива  она што му е потребно да работи ефикасно.

Лути пиперки

Капсицин, состојка која на лутите пиперки им го дава нивниот шмек, го загрева вашето тело, што дополнително ги согорува калориите. Истиот ефект, може да се добие со јадење сурови, варени,  сушени или пиперки во прав. Додадете повеќе луто во сосови, во супи, месо, јајца, салати.