Веројатно поради нагонскиот инстинкт спрема црвената боја, која отсекогаш не предупредувала на опасност, луѓето автоматски јадат и пијат помалку од црвениот судови.
Ако сакате да ја намалите тежина или сакате да јадете помалку грицки кои се поставени на масата, земете црвена чинија, советуваат германските и швајцарските научници. Според нивните најнови истражувања, луѓето јадат 40 проценти помалку од црвената чинија, а исто така е и со црвените чаши. Објаснувањето лежи во самата црвена боја, која од секогаш се поврзувала со опасност и забрана, па човекот веројатно еволуциски реагира на тоа .
Ова откритие би можело да се користи кога се работи за брзата храна, научниците советуваат, па владата се што е нездраво би можела да побара да биде спакувано во црвен сад. Исто така, во баровите, според “Дејли Меил”, би било добро да има повеќе црвена боја, со цел да се спречи прекумерно консумирање алкохол.