Трчање, зумба, салса, тае бо, стомачен танц….Се се тоа начини на кои им објавувате војна на масните наслаги на стомакот. Меѓутоа, стручните лица тврдат дека најдобар начин за тоа е интервалниот тренинг.
Не грижете, не морате веднаш да тргнете на вежби како да се спремате за Олимписки игри. Можете да почнете со лесно темпо, а со текот на времето ќе напредувате до сериозен тренинг.
Специјализираниот киро-практичар за слабеење и нутриционистот доктор Ерик Берг, тврди дека ваква форма на фитнес може да го зголеми нивото на хормоните за раст за неверојатни 450 проценти (се работи за хормон кој ги топи масните наслаги и ја гради мускулната маса).
Концептот на интервален тренинг се заснова на менување на интервалот на вежбање. Прво одат многу интензивни вежби, а потоа и одморот. Целта е да се зголеми брзината на срцевите отчукувања, а потоа да се намали.
Морате да ги вклучите склековите и скоковите кои го ангажираат целото тело, а не само една или две групи на мускули. Целта е да се вклучат големите мускулни групи за да се активира хормонот на раст и да се поттикне согорувањето на масните наслаги од стомакот.
Ако сте скептични, прво разговарајте со својот доктор и советувајте се со фитнес тренер.