Одлична вест за сите љубители на жестоките пијалаци: шеќерот кој го содржи текилата може да ви помогне да ги изгубите килограмите.
Една неодамнешна студија покажа дека видот на шеќер кој се наоѓа во текилата има корисен ефект на губењето на телесната тежина.
Иако шеќерот е познат по неговите негативни влијанија , станува збор за посебен вид на природен шеќер наречен агавинс, а се добива од агава растението.
Овој шеќер телото не го апсорбира и затоа не се подигнува нивото на шеќерот во крвта – изјавија мексиканските научници.
Истражувањата покажуваат дека неговото консумирање влијае врз намалувањето на апетитот и намалувањето на гликозата во крвта (тестирањето е извршено на глувци).
Научниците кои стојат зад студијата велат дека ова откритие може да биде од голема корист за дебелите луѓе и дијабетичарите.
Затоа, подгответе лимон и сол – и, се разбира, бидете внимателни да не претерате со овој алкохолен пијалак!