Сакате да ја промените бојата на косата? Пролетта е идеално време за тоа! А кој ви рече дека во ова време на годината МОРАТЕ да се обоите во посветли тонови? Изберете нијанса за која сметате дека ќе ви прилега одлично, а овие дами нека ви послужат како инспирација за голема пролетна промена на косата.
Бритни Спирс : Целиот живот сте русокоса? Земете ја за пример оваа пејачка и размислете за некој потполно поинаков спектар на бои!
Марго Роби : Премин од светла во потемна нијанса секогаш е ризичен потег, но се исплатува!
Кристен Стјуарт : Доказ дека само една посветла нијанса може да направи чудо! Кога ја видовме Кристен на снимањето на новиот филм, се изненадивме колку бојата на мед (на косата) го освежи нејзиниот изглед.
Кејт Мара : Добри вести за црвенокосите девојки кои сакаат да станат русокоси : вашиот израсток ќе делува тотално шик!
Никол Ричи : ОК, ова е само за оние најхрабрите. Виолетовата боја на коса не му стои на секој, но мора да признаете дека е забавна. Дури на некои дами може да делува и софистицирано.