Освен што ја отстранува анемијата, цвеклото го намалува високиот крвен притисок и го стимулира црниот дроб, жолчката и желудникот.
Карактеристичната црвена боја на цвеклото доаѓа од растителниот пигмент антоцианин, моќен антиоксиданс кој го спречува ширењето на ракот и го стимулира обновувањето на крвните клетки, а поради богатата содржина на јод, овој зеленчук е од значајна помош во борбата против атеросклерозата и го забавува процесот на стареење.
Сепак, причината поради која цвеклото е едно од супер зеленчуците е високата содржина на бетанин и бетаин, медицински соединенија кои го поттикнуваат метаболизмот, го регулираат крвниот притисок, го намалуваат холестеролот, ги одржуваат крвните садови, го стимулираат црниот дроб, жолчното кесе и желудникот.
Благотворниот црвен корен помага во третманот на грип и го намалува нивото на масти во крвта. Поради својата структура има одредена количина на кобалт, кој учествува во производството на витаминот Б12 кој е неопходен за производство на црвените крвни клетки (многу редок во растителната храна), цвеклото е еден од најдобрите природни лекови за лекување на анемија и посебно се препорачува за вегетаријанците .
Целото растение се користи, иако најквалитетен е неговиот подземен дел, кој се вади во есен и може да се готви.