Скриени начини како времето го нарушува нашето здравје

Дали е вистина дека некои луѓе можат да го почувствуваат доаѓањето на дождот во зглобовите? Или ако страдате од мигрена се плашите дека болката ќе се врати назад со ударите на молња ? Проверете како може времето да влијае на здравјето.

Болести на срцето

Во САД, стапката на смртност од срцев удар во зима се зголемува на 18 отсто, а за 12 проценти се намалува во текот на летото. Студијата покажала дека луѓето имаат до 36 проценти поголеми шанси да умрат во текот на зимата од срцев удар или мозочен удар и срцева слабост. Иако ниските температури, секако, влијаат негативно на срцето, веројатно тоа го прави  и должината на дневната светлина.

Псоријаза

Сувото време го зголемува воспалението кај псоријазата,тоа е кожна болест која предизвикува црвени дамки со бели лушпи со чешање. Неизложеноста на сонце, исто така, може да доведе до појава на овие симптоми. Изложеноста на ултравиолетовите зраци ги забавува промените во клетките на кожата. Со други зборови, изложеноста на сонце и потоплото време може да го намалат воспалението.

Артритис

Иако 60 отсто од луѓето со артритис велат дека можат да го почувствуваат доаѓањето на дождот, тоа не е научно докажано. Сепак, факт е дека кога атмосферскиот притисок опаѓа, ткивото околу зглобовите се проширува и ги притиска нервите. Нервите може да бидат многу чувствителни на тие мали промени во воздушниот притисок, но истото ќе се случи ако до лифтот патувате од најнискиот до највисокиот кат.

Мигрена

Постојат 28 проценти поголеми шанси  мигрената да се појави за време на бура. Тоа може да се должи на електромагнетните промените или загадувачите на воздухот, но мигрената е многу чувствителна на силно сонце и промени во температурата.